The Ghanton Family and Big J
(https://i.imgur.com/xJgt3g9.png)
Лого на Ghanton Family
Име: Jamal Jackson
Надимак: Big J
Возраст: 27
Потекло: Los Santos – Ghanton
Организација: Ghanton Family
Jamal Jackson познат како Big J е роден и израснат во Ghanton, еден од најопасните делови во градот. Од мал растел на улица и уште од рана возраст се соочувал со проблеми, сиромаштија и криминал. Немал лесен живот и морал сам да се бори за себе.
Како тинејџер почнал да се движи со луѓето од маалото и постепено станал дел од уличниот живот. Со тек на време стекнал почит поради неговата лојалност, храброст и тоа што секогаш стоел зад своите луѓе.
По неколку години, Big J станал еден од најпочитуваните членови во Ghanton Family и човек на кој сите можат да се потпрат. Познат е по тоа што не се плаши од никого и секогаш ја брани својата територија и својата фамилија.
Денес Big J има големо влијание во Ghanton и важи за еден од главните луѓе во маалото.
🔹 Што е Ghanton Family
Ghanton Family е улична банда која потекнува од населбата Ghanton во Los Santos.
Бандата е составена од луѓе кои пораснале заедно во истиот блок и имаат силна лојалност еден кон друг.
За членовите, Ghanton не е само место — тоа е дом.
Секој што е дел од Ghanton Family мора да ја почитува бандата, маалото и луѓето со кои растел.
Бандата е позната по тоа што ја штити својата територија и не дозволува други банди да прават проблеми во нивниот блок.
🔹 Историја на Ghanton Family
Ghanton Family започнала како мала група на пријатели кои сакале да го заштитат своето маало од други банди што често доаѓале во нивната територија.
Со тек на време, групата почнала да расте и станала позната на улица. Имало многу конфликти со други банди, но членовите на Ghanton Family секогаш стоеле заедно и не се предавале.
По некое време старите членови се повлекле, а маалото останало без вистинско водство. Поради тоа бандата ослабела.
Со доаѓањето на новата генерација и со луѓе како Big J, Ghanton Family повторно почнала да се собира, да регрутира нови членови и да ја враќа контролата во Ghanton.
Денес бандата повторно се крева и се бори да стане најсилна на улица.
🔹 Цел на Ghanton Family
Да ја задржи контролата во Ghanton
Да ја заштити територијата од други банди
Да собира нови лојални членови
Да врати старата слава на бандата
Да стане најпочитувана банда во градот
🔹 Рангови во Ghanton Family
Outsider
Лице што се движи со бандата но сè уште не е целосен член. Треба да покаже лојалност.
Dealer
Член што работи за бандата и помага во заработка и задачи. Почетен ранг во организацијата.
Thug
Активен член кој учествува во акции, чување територија и задачи од повисоките рангови.
OG
Стар член кој има стекнато почит и доверба. Има право да дава наредби на пониските рангови.
Senior OG
Искусен и долгогодишен член. Учествува во носење одлуки и организација на бандата.
Top OG
Највисок ранг во Ghanton Family. Главен човек во бандата кој носи главни одлуки и ја води организацијата.
(https://i.imgur.com/xh8CSvR.jpeg)
Членови на Ghanton Family спремни за акција
(https://i.imgur.com/gyVCZXj.png)
Изглед на Big J.
🔹 Outsider
Outsider е лице кое сè уште не е официјален член на Ghanton Family, но често се движи со бандата и поминува време во маалото. Овој ранг е за луѓе кои сакаат да станат дел од фамилијата и треба да покажат лојалност, почит и доверба.
Outsider нема право да носи важни одлуки и мора да ги слуша повисоките рангови. Неговата задача е да помага кога ќе биде побарано, да биде присутен во маалото и да докаже дека може да му се верува.
Доколку Outsider покаже дека е верен на Ghanton Family, со време може да биде примен како целосен член и да добие повисок ранг.
sranje
Odlicno
Bravo autsajderceee
(https://i.imgur.com/znsrH79.png)
Ghanton Family shoot out with Blood's
Ghanton Family vs Bloods е конфликт помеѓу две улични банди кои се борат за контрола на територија, влијание и почит на улица.
Bloods се познати по црвената боја и агресивен стил, додека Ghanton Family се банда која држи до своите правила, лојалност и зелена боја како симбол.
Конфликтот најчесто започнува поради:
борба за територија
навреди или предавство
трговија со дрога / бизнис
одмазда за претходен напад
Овa ривалство создава тензии на улица, чести пресметки и постојана борба за тоа која банда ќе има поголема моќ.
heeelll naahh