MARK DELENGER
⚖️Independent Attorney-at-Law⚖️
Los Santos, San Andreas
(https://i.imgur.com/mL2q07P.png)
Биографија
Mark Delenger е роден и израснат во Los Santos, во семејство без политички или криминални врски, но со длабока почит кон законот и институциите. Уште од најраните години покажува изразен интерес за правдата, правниот систем и начинот на кој законот може да биде истовремено средство за заштита и инструмент на контрола.
По завршување на средното образование, Delenger се запишува на Правниот факултет во Los Santos, каде што се насочува кон кривично право, граѓански постапки и уставно право на државно ниво. Во текот на студиите се истакнува како дисциплиниран и аналитичен студент – личност што набљудува повеќе отколку што зборува, но чиј збор има тежина кога ќе биде кажан.
Факултетот го завршува со високи оцени и препораки, по што свесно одлучува да не се врзе за државна институција или голема адвокатска фирма. Наместо тоа, започнува сопствена, независна правна пракса, ориентирана кон клиенти кои имаат потреба од сериозен и прецизен правен пристап.
Како независен адвокат, Mark Delenger нуди правни совети и застапување на цивили, бизнисмени и лица во конфликт со законот, секогаш во рамки на важечките правни норми.
,,Секој има право на одбрана. Законот не суди – луѓето го толкуваат."
Delenger е познат по професионалната дистанца која ја одржува со своите клиенти, но и по отворените канали на комуникација со Los Santos Police Department, државни службеници и приватни клиенти вклучени во чувствителни случаи.
Тој не учествува директно во криминални активности и строго се придржува до законските рамки, но токму поради тој пристап често е повикан како правен советник во случаи каде што тензијата помеѓу законот и подземјето се допира.
Во град како Los Santos – град на тајни, влијание и последици – Mark Delenger е човекот што точно знае што смее да се каже, а што е подобро да остане меѓу редови.
(https://i.imgur.com/szCbLRS.png)
⚖️ Ценовник – Правни услуги
Елитни правни услуги за клиенти кои знаат што бараат.
Основни правни консултации30 минути консултација – $10.000
60 минути консултација – $18.000
Правна анализа и документацијаПрелиминарна анализа на случај – од $20.000
Детална правна анализа (full case review) – од $35.000
Изработка или проверка на правни документи и изјави – од $25.000
Полициски и институционални постапкиПрисуство при апсење или распит – од $30.000
Правен советник при полициска интервенција – од $35.000
Комуникација и застапување пред државни институции – од $40.000
Посредување и преговори (High-Risk Cases)Посредување меѓу клиент и државни органи – од $50.000
Чувствителни преговори и договори – од $65.000
Кризен правен менаџмент – од $80.000
Елитни услугиКомплетна правна стратегија за сложен случај – од $100.000
Приватен правен застапник (Retainer – месечно) – $150.000+
24/7 достапност за итни случаи – по индивидуален договор
НапоменaСите цени зависат од ризикот и комплексноста на случајот.
Услугите се наплатуваат однапред.
Не се прифаќаат ситни, несериозни или импулсивни случаи.
Локација: Los Santos
,,Правдата нема фиксна цена – но евтина никогаш не е."