(https://i.imgur.com/gUcBMGm.png)
Официално лого на Akatsuki Lounge.AKATSUKI LOUNGE — 新生の夜 (Shinsei no Yoru / Night of Rebirth)
Во срцето на градот, под неонските светла и тивките улици што оживуваат после полноќ, се наоѓа легендарниот клуб Akatsuki Lounge. Место познато по елеганцијата, мирната атмосфера и луѓето со влијание кои секоја вечер седнуваат зад затемнетите VIP маси.
Сопственик на клубот е Kamari Takayama — млад човек кој прерано морал да ја преземе тежината на фамилијарното име. Клубот со години бил под водство на неговиот татко, човек кого сите го познавале како строг, смирен и почитуван бизнисмен во ноќниот живот на градот. Но после неговата ненадејна смрт, целото наследство му било оставено на Камари.
Многумина мислеле дека младиот Такaјама нема да успее да го задржи угледот на клубот. Дека ќе падне под притисокот, долговите и луѓето кои чекале Akatsuki Lounge да згасне.
Но наместо тоа — клубот се преродил.
Камари вовел нов стил:
— јапонски luxury ентериер
— пригушени црвени светла
— ексклузивни private lounge простории
— live jazz & Tokyo nightlife атмосфера
— строги правила и внимателно избрани гости
Секоја вечер во Akatsuki Lounge носи различна приказна. Од бизнисмени и познати лица, до мистериозни гости кои доаѓаат само за да уживаат во мирот, музиката и атмосферата што не може да се најде на друго место.
Но зад насмевката на Камари и луксузот на клубот, сè уште стои сенката на неговиот татко. Секој агол во клубот го потсетува на човекот што го изградил ова место од нула.
И затоа Kamari Takayama има само една цел:
Да го направи Akatsuki Lounge поголем отколку што татко му некогаш сонувал.