(https://i.ibb.co/QFjgF4s4/diana-pd-png.png)
(https://i.imgur.com/mVQvrWq.png)
НОВО ПОГЛАВЈЕ — ПАТOT ДО ЗНАЧКАТА По неколку години работа како теренски репортер во СИТЕЛ, Дијана Вигсли веќе добро го познавала Лос Сантос — неговите улици, криминалот, корупцијата и луѓето кои секојдневно се бореле да преживеат со проблемите и неправдите.📺 Од камера до значка
Дијана била присутна на бројни опасни настани. Снимала полициски акции, криминални случаи, исчезнувања и приказни кои другите новинари избегнувале да ги допрат.
Но со текот на годините започнала да сфаќа нешто:
,,Не е доволно само да ја покажам вистината. Сакам да направам нешто за да правдата ги стаса сите."
Гледајќи невини луѓе и млади како стануваат жртви на криминалот, Дијана сфатила дека сака да биде директно на страната на оние кои ги штитат невините. По долго размислување, одлучила да ја остави новинарската работа и да се пријави во Полицискиот оддел на Лос Сантос.
Поминала низ физички тестови, психолошки проценки и полициска академија. Сето она што го научила како новинарка — набљудувањето, комуникацијата, истрајноста и способноста да ја пронајде вистината и правдата — сега го користела како иден полицаец.
По завршувањето на академијата, Дијана конечно ја облекла униформата и ја добила својата значка.
Од жена која некогаш ја барала вистината зад камерата... До жена која сега трага по правда и вистина на улиците.
Крајна цел? — Да го заштитам Лос Сантос и неговиот мир, да им помогнам на невините и никогаш да не дозволам моќта и корупцијата повторно да ја скрие вистината и да ги изнесам виновниците пред законот.
(https://i.imgur.com/01UhtP7.jpeg)
(https://i.imgur.com/FVN4ozn.png)
Акции ќе следат и ќе се додаваат регуларно во темата.
КЛИК- (//http://)
КЛИК- (//http://)
КЛИК- (//http://)
КЛИК- (//http://)
КЛИК- (//http://)
(https://i.imgur.com/tWn9nY2.png)