Kenji ,,Kuma" Takeda е роден во сиромашен кварт во Осака, Јапонија, каде од најмали нозе научил дека животот на улица бара дисциплина, студена пресметливост и брз ум. Од тинејџерските години се пуштил во локални банди, каде брзо стекнал репутација на човек кој зборува малку, но секогаш ја завршува работата. Со 18 години ја презел својата прва голема операција, кражба на камион со нелегална стока, што го ставило на радарот на повисоките членови на кланот и му донело доверба да се искачи низ редовите, станувајќи десна рака на Ојабун како Wakagashira.
Со текот на времето, Kenji ја развил својата стратегија за моќ и влијание, но веќе знаел дека вистинската можност ја чека во Los Santos. Негов најблизок соработник, кој веќе се наоѓал во Downtown Los Santos, го повикал да му се приклучи и заедно да ја прошируваат мрежата на Yakuza преку подземјето и легалниот свет, згради, компании, барови, казина, ноќни клубови и други операции. По внимателно планирање и патување, Kenji пристигнал во Los Santos и веднаш се приклучил на веќе развиениот клан.
Во Downtown, познатото маало Little Tokyo, Kenji и неговиот партнер започнале да ја зацврстуваат моќта. Тие изградиле синџир на легални бизниси, што станале фасада за нивните активности.
Takeda Import & Export Corporation – компанија што се занимава со увоз/извоз на луксузни јапонски автомобили.
Takeda Real Estate Holdings – агенција која поседува и управува со деловни згради, апартмани и трговски центри низ Los Santos.
Sakura Chain Restaurants – популарни јапонски ресторани и суши барови низ градот, место каде што сите богаташи одат на деловни состаноци.
Nightfall Entertainment – ноќни клубови и луксузни барови.
Holding компанија, во која сите овие гранки се поврзани и претставени како голем, успешен и респектабилен бренд.
Јавноста знае за овие компании и ги пофалува како големи и модерни корпорации, но вистинските сопственици остануваат целосно скриени. Kenji и неговиот соработник не се појавуваат во медиумите, не се познати во јавноста и нивните имиња не можат да се поврзат со оваа империја.
Надимакот ,,Kuma" – мечка го симболизира неговиот карактер, мирен и тивок додека е потребно, но разорен и немилосрден кога е предизвикан. На грбот ја носи големата тетоважа на мечка, симбол на внатрешната сила, а на раката змеј – вечната борба за моќ.
Kenji го гледа кланот како семејство. Лојалноста е закон, а предавството се казнува без двоумење. Иако држи до традицијата на Yakuza, знае дека новата ера бара модерни пристапи на технологии, финансиски пазари и паметно ширење.
Во јавноста, Kenji ,,Kuma" Takeda не постои. Сите го знаат неговиот холдинг, неговите бизниси и успехот, но сопственикот е ,,незабележлив". Вистинската моќ се шепоти само во сенка, во Little Tokyo, каде културата, криминалот и традицијата на Yakuza се спојуваат во едно.
(https://i.imgur.com/ujolYBq.jpeg)
*Околу 4-5 Сабајле, се осети пристигнување на моќ.
Кума - пристигнат пред сопствениот хотел.
Rez
:P
dobarrr
Ke zgazime srce..
Gazos legendo