Macedonia RP Forum

RoleyPlay Gaming => Новости => Topic started by: Tekashiii on Dec 23, 2025, 11:16 PM

Title: SOUTH WILLOW 13
Post by: Tekashiii on Dec 23, 2025, 11:16 PM
SOUTH WILLOW 13 - WILLOWFIELD
(https://i.imgur.com/iCcU8rE.png)

Улиците на Willowfield отсекогаш биле сурови, но South Willow 13 (SW13) е името кое опстојува со децении низ крв, пот и прав. Ова не е само обична улична банда; ова е заедница родена од потребата за преживување во најзаборавените делови на Los Santos. По долги години тишина и превирања, духот на ,,Тринаесетката" повторно се буди. Старите графити избледеа, но сеќавањата на локалците за тоа кој навистина владее со овие агли останаа живи. Сега, со нова визија и нескршлива волја, South Willow 13 се враќа да го врати она што отсекогаш и припаѓало.

Територија:
Нашиот свет започнува и завршува во Willowfield Dead End. Оваа специфична слепа улица не е само асфалт и бетон, таа е  нашето засолниште и нашето бојно поле. Секоја пукнатина во ѕидовите и секој знак на столбовите има своја приказна. Ние ја контролираме оваа територија со будно око. Непознати лица кои талкаат низ овие улици без причина брзо ќе ја научат разликата помеѓу гостин и натрапник. Willowfield е срцето на операцијата, место каде што се кројат плановите и каде што се чува честа на фамилијата.
(https://i.imgur.com/UDEysdj.png)

OG (IC CHARACTER)
Tekashi Corleone е млад жител на South Willow, роден и израснат меѓу запуштените блокови на Willowfield. Неговото детство поминува на улица: скршени кошеви, графити, кавги, сиромашни блокови и постојана борба за место меѓу поголемите. Секогаш бил брз, дрзок и тврдоглав, карактер што го формира животот во гетото.
Иако презимето ,,Corleone" звучи како да е од филм, во маалото тоа е само надимак што го добива како клинец — затоа што секогаш се обидувал да делува поголем, посилен и попаметен од сите. Со тек на време името станало дел од неговиот идентитет.
Tekashi е тип што не се плаши од никого. Неговата лојалност е исклучиво кон South Willow и луѓето што го гледале како брат уште од мали нозе. Тој е амбициозен, сака улица, сака авторитет и сака да остави печат во маалото.
Се движи со Voodoo или Greenwood, облечен во baggy стил, bandana околу раката или појасот. Не е најсилен, но е најгласен и најтврд кога треба да се брани маалото.
Tekashi Corleone го гледа South Willow 13 како фамилија, а улицата како единствено место каде што може да стане нешто повеќе.

(https://i.imgur.com/Ze3zmGy.png)


Прудужи се на бандата
Ние не примаме секого. Бараме луѓе со карактер, луѓе кои знаат што значи да се молчи и да се работи за доброто на целата група. Ако сакаш да бидеш дел од историјата што ја пишуваме во Willowfield, покажи се на локацјата.