Име: John_Nikolson
Возраст: 38 години
Позиција: Заменик шеф на La Cosa Nostra
Локација: Лос Сантос / Сан Фиерро
Личност:
Студен, смирен и внимателен. Секогаш пресметува секој чекор и никогаш не го губи трпението. Лојален кон шефот, но со свој начин да решава проблеми и конфликти. Харизматичен и убедлив, John умеe да влијае на другите и да ги контролира ситуациите без да покажува страв или нервоза.
Историја / Биографија:
John Nikolson е роден и израснат во Лос Сантос. Од младост се движи во подземјето, каде научил дека довербата се добива тешко, а моќта не се дава лесно. Почнал како ,,солитер" во мафијашки активности – шверц, заштита на територии и посредување во бизниси – и со години се искачил до позицијата заменик шеф на La Cosa Nostra.
Познат е по тоа што ,,влече конец" во сенка – организира операции, решава конфликти и секогаш има план за секоја ситуација. Не се плаши да преземе ризик, но секогаш смета дека интелигентниот потег е подобар од насилниот. Луѓето го почитуваат и се плашат од него, бидејќи секоја негова акција е пресметана и директно влијае на моќта на мафијата.
Особини / вештини:
Стратег и тактичар
Вешт во криминални операции и ,,валкано работење"
Одличен во преговарање и манипулација
Вешт во одбрана и напад
Умеe да остане невидлив, дури и во опасни ситуации
Добар познавач на локации, транспорт и логистика
Мотивација:
Да ја зголеми моќта на La Cosa Nostra, да го заштити семејството на мафијата и да остане верен на шефот, додека гради сопствено влијание во сенка.