На денешната редовна седница на Владата на San Andreas, едногласно беа донесени важни измени во Законот за сообраќај и Кривичниот закон. Новите одредби стапуваат на сила веднаш и нема никакво простување за прекршители.
Клучни промени:
Сообраќајен закон
Зголемени парични казни и Wanted Level (WL) за сите прекршоци
Одземање на возачка дозвола за сериозни прекршоци, особено поминување на црвено светло, опасно возење и напуштање место на несреќа
Возила користени во криминални активности се трајно одземени од полицијата
Казни за: непрописно паркирање, блокирање пат, брзо возење, непочитување на сообраќајни знаци, неносење појас, невклучени светла
Кривичен закон
Зголемени казни за нелегално оружје, дрога, насилство, кражби, грабежи и киднапирање
Дополнителни мерки: затворска казна, конфискација на оружје и возило, забрана за поседување оружје
Возила користени за криминални активности се трајно одземени
Секој граѓанин и организација се должни да ги почитуваат новите одредби
Владината порака:
Владата на San Andreas нагласува дека овие измени се дел од стратегијата за безбеден, дисциплиниран и организиран град, со цел заштита на граѓаните и воспоставување ред. Секој што ќе изврши прекршок или кривично дело ќе биде санкциониран без исклучок, според сериозноста на делото.
(https://i.ibb.co/nqhSvxsp/sa-mp-962.png) (https://ibb.co/gbsCpkMY)
Донесените закони:https://mrp.mk/forum/index.php?topic=9730.msg23234#msg23234
Ovie zakoni nitrebaa. Samo jako!