Diana Wigsley - Police Officer - LS PD

Started by Diana_Wigsley, Aug 25, 2026, 02:56 PM

Previous topic - Next topic

     НОВО ПОГЛАВЈЕ — ПАТOT ДО ЗНАЧКАТА

     По неколку години работа како теренски репортер во СИТЕЛ, Дијана Вигсли веќе добро го познавала Лос Сантос — неговите улици, криминалот, корупцијата и луѓето кои секојдневно се бореле да преживеат со проблемите и неправдите.

📺 Од камера до значка

Дијана била присутна на бројни опасни настани. Снимала полициски акции, криминални случаи, исчезнувања и приказни кои другите новинари избегнувале да ги допрат.

Но со текот на годините започнала да сфаќа нешто:

,,Не е доволно само да ја покажам вистината. Сакам да направам нешто за да правдата ги стаса сите."

Гледајќи невини луѓе и млади како стануваат жртви на криминалот, Дијана сфатила дека сака да биде директно на страната на оние кои ги штитат невините. По долго размислување, одлучила да ја остави новинарската работа и да се пријави во Полицискиот оддел на Лос Сантос.

Поминала низ физички тестови, психолошки проценки и полициска академија. Сето она што го научила како новинарка — набљудувањето, комуникацијата, истрајноста и способноста да ја пронајде вистината и правдата — сега го користела како иден полицаец.

По завршувањето на академијата, Дијана конечно ја облекла униформата и ја добила својата значка.

Од жена која некогаш ја барала вистината зад камерата... До жена која сега трага по правда и вистина на улиците.

Крајна цел? — Да го заштитам Лос Сантос и неговиот мир, да им помогнам на невините и никогаш да не дозволам моќта и корупцијата повторно да ја скрие вистината и да ги изнесам виновниците пред законот.




Акции ќе следат и ќе се додаваат регуларно во темата.







EX Prime Minister of SA
now - LS-PD OFFICER

DIANA WIGSLEY - GOVERNMENT

DIANA WIGSLEY - EX NEWS REPORTER