Jaquon Tucker - More Than Just a Waiter

Started by Jaquon Tucker, Jun 10, 2026, 01:59 PM

Previous topic - Next topic
Jun 10, 2026, 01:59 PM Last Edit: Jun 11, 2026, 06:28 AM by Jaquon Tucker
[Character Story] Jaquon Tucker - More Than Just a Waiter



ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КАРАКТЕРОТ

* Име и презиме: Jaquon Tucker
* Години: 25
* Раса: Афроамериканец
* Место на раѓање: Los Santos, Ganton
* Живеалиште: Куќа во непосредна близина на Гантон


ФИЗИЧКИ И ПСИХОЛОШКИ ПРОФИЛ

* Физички изглед: Висок и слаб, со карактеристични афро-американски црни корења. Неговиот уличен изглед веднаш асоцира на вистинско момче од Гантон: носи препознатлива зелена кошула, темни панталони и класични ретро патики. На главата секогаш има црна капа завртена наназад, а на лицето носи црни очила за сонце кои тешко дека некогаш ги вади, дури и кога паѓа мрак.
* Психолошки профил: Исклучително снаодлив, брзо учи и се прилагодува на секаква ситуација. Лојален е до крајност на луѓето кои ќе му подадат рака, но знае да биде претпазлив и остар кога е потребно. Не сака неправди и има огромна желба за докажување и успех во маалото.

Jun 11, 2026, 06:29 AM #1 Last Edit: Jun 11, 2026, 06:31 AM by Jaquon Tucker
ПРИКАЗНАТА НА JAQUON TUCKER (STORY)

Поглед од прозорецот
Jaquon Tucker е 25-годишно момче кое целиот свој живот го поминало во опасните улици на Лос Сантос. Неговата куќа се наоѓа во непосредна близина на озлогласениот кварт Гантон. Секој божји ден, додека го пие своето утринско кафе, Jaquon гледа низ прозорецот кон локалното кошаркарско игралиште (basketcourt). Таму, момците облечени во зелено редовно играат баскет, се дружат и ја држат контролата над маалото. Гледајќи ја нивната сплотеност, почит и сила, кај Jaquon се роди голема желба да стане дел од тоа семејство, да заигра баскет со нив и да почне да се дружи на улицата.

Првиот чекор и средбата со Vestern
Еден ден, Jaquon одлучи дека е доста само гледање од прозорецот и дека е време да преземе акција. Собра храброст и му се јави на еден од повлијателните и постарите луѓе во маалото, Jasson Firenzzo, на улиците познат како ,,Vestern".

,,Здраво, гледам дека често се собирате, играте баскет во маалото и ве набљудувам последно време. Сакам и јас да дојдам, да поigram баскет со вас и да се дружам. Имам црни афро-американски корења како вас и припаѓам на овие улици" – му рече Jaquon во телефонскиот разговор.

Vestern, препознавајќи ја амбицијата во гласот на момчето, одлучи да му даде шанса да се докаже на нивен терен. Како почеток, тој му понуди легална работа на Jaquon како келнер во нивниот локален бизнис, со цел да види колку е вреден и доверлив.

Зелената Savanna и новата гардероба
Како снаодливо момче кое не се плаши од работа, Jaquon веднаш прифати и самоуверено одговори: ,,Можам да работам, ќе се снајдам во секоја ситуација! Мојот прв работен ден може да започне уште од утре".

Задоволен од одговорот, Vestern му даде инструкции каде да ја најде својата соодветна гардероба за работа и движење низ маалото. Облеката била оставена во гепекот на зелената кола ,,Savanna" паркирана во срцето на Гантон. Jaquon отиде до возилото, го отвори гепекот и се пресоблече во својот нов препознатлив стил со зелена кошула, црна капа наназад и очила за сонце. Тој момент го означи неговиот официјален прв чекор во сопствената приказна. Од обичен набљудувач од прозорецот, тој конечно стана дел од екипата на која улицата и припаѓа.


[Chapter 1 & 2] Од шанкот до кошаркарскиот терен



По пресоблекувањето во новата гардероба од гепекот на зелената Savanna, Jaquon знаеше дека патот до довербата на Vestern води преку напорна работа. Неговиот прв работен ден како келнер помина во целосна дисциплина. Кога локалот се испразни, тој застана зад шанкот, зема крпа и сунѓер во рацете, па детално го среди и исчисти целиот работен простор, собирајќи ги чашите и шишињата. Мораше да покаже дека е вреден за шансата што ја доби.




Сепак, по завршувањето на долгата смена, уличниот дух на Jaquon сè уште го влечеше кон местото што со години го гледаше од својот прозорец — локалниот basketcourt во Гантон. Насабаље рано, кога игралиштето остана празно, тој го искористи моментот за ноќен соло тренинг. Со брза финта во лево, тој замисли противник пред себе, нагло се одрази и ја упати топката директно во обрачот. Додека топката минуваше низ мрежичката, Jaquon секој кош го сфаќаше како чекор поблиску до денот кога официјално ќе заигра со момците во зелено на улицата.


[Chapter 3] Првите плодови од трудот и планови за иднината



По завршувањето на напорната смена во локалот кај Gangton и интензивниот ноќен тренинг на кошаркарското игралиште, телото на Jaquon конечно го стигна уморот. Улиците на Гантон веќе беа целосно тивки кога тој конечно се врати во својата куќа. Но, и покрај исцрпеноста, во него имаше чувство на огромно задоволство од добро завршената работа.

Тој седна на каучот во дневната соба и ги извади од џебот првите заработени пари од бакшишот во барот. Иако сумата не беше голема, за Jaquon овие банкноти беа симбол на неговиот нов почеток на улицата. Внимателно ги преброи парите на масата, па со задоволна насмевка ги става во фиоката. Потоа, легна на грб на креветот со сериозен поглед кон таванот, размислувајќи за утрешниот ден. Тој знаеше дека ја доби довербата како работник, но неговата крајна цел сè уште беше да стане незаменлив дел од екипата...




[Chapter 4] Нова одговорност - Преземање на контролата врз барот



Вредната работа зад шанкот, педаноста со сметките и лојалноста на Jaquon не поминаа незабележано. Снаодливоста која ја покажа уште од првиот ден конечно го донесе неговиот најголем успех досега. Наместо да биде само обичен келнер на кој му се даваат наредби, Jaquon го привлече вниманието на главниот човек во маалото — Jasson Firenzzo (Vestern).

За време на нивната средба во четири очи, Vestern одлучи да ја тестира неговата подготвеност за поголеми улични и бизнис потфати. Тој директно му понуди на Jaquon целосно да ја преземе грижата, менаџирањето и контролата врз барот во негово отсуство. Jaquon, без нималку двоумење и со огромна самоувереност, веднаш прифати одговарајќи дека е роден за работа и екстремно снаодлив во секаква ситуација. Со клучовите од легалниот бизнис во свои раце и со официјалното унапредување во барот, Jaquon Tucker веќе не е само момче од сенка. Тој стана десната рака на Гантон која ги контролира парите и бизнисот на фамилијата...




[Chapter 5] Обележување на територијата - Зелениот штит на Гантон



Откако ја презеде целосната одговорност врз менаџирањето на барот во отсуство на Vestern, Jaquon сфати дека неговата задача не е само да стои во затворено и да ги брои парите. Како Soulja во хиерархијата, негова должност беше јасно да им стави до знаење на сите улични фаци дека тој кварт, бизнисот и околните улици имаат нов чувар.

Следната ноќ, Јакуон излезе на терен со јасна цел — да го обележи реонот околу бизнисот. Го извади зелениот спреј од ранецот, силно го протресе и со искусни движења го исцрта препознатливиот зелен белег на фамилијата на еден од главните ѕидови во Гантон. Додека свежата боја се сушеше, тој будно ги набљудуваше околните агли на маалото. Овој графит беше неговиот уличен потпис. Јакуон јасно покажа дека Гантон е зелен, безбеден и под негова строга контрола...






[Chapter 6] Економски развој - Попис на залихите во задниот магацин



Контролата врз барот за Jaquon значеше и голема одговорност за финансиите и економијата на фамилијата. Тој знаеше дека уличната моќ се одржува со пари, а парите доаѓаат од силен и стабилен бизнис. По успешното обележување на територијата со зелениот графит, Jaquon следното урто веднаш се упати кон задната просторија и надворешниот дел од локалот за да заврши уште една клучна задача како менаџер во отсуство на Vestern.

Тој излезе во задниот двор каде што се чуваа главните залихи на барот за да направи детален попис на стоката. Го отвори својот веќе препознатлив црн тефтер и почна прецизно да ги пребројува картонските кутии и пратките наредени на дрвените палети покрај оградата. Внимателно запиша колку залихи има и што сè фали, кроејќи план за следната голема набавка што ќе донесе уште поголем промет во маалото. Со ова, Jaquon уште еднаш докажа дека има остар ум за бизнис и дека е целосно подготвен да ги води сите легални операции во Гантон...




800x600 na sliki , trgaj blindfold ,/fontsize -3 , pomalce tekst i bombaa ke e

едитирај слики преку овој туториал: https://youtu.be/U0cGlKtVGNI , приказната ми се свиѓа само поправи си сликите имаш во туториалот се објаснето.