🔴 Jefferson East Side Bloods 🔴

Started by Jinn Mori, Apr 12, 2025, 10:26 AM

Previous topic - Next topic



🟣East Side Bloods Gang 




Афро-американска улична банда која се појавила во Лос Сантос во раните 1980-ти, со потекло од тешките улици на Jefferson и East Los Santos.

Jefferson MOB Bloods се формирани како одговор на растечкото влијание на Crips во реонот на Jefferson. Поттикнати од сиромаштија, полициска бруталност и меѓубандитско насилство, група млади мажи се здружиле со цел да ја заштитат својата маала и да го задржат контролата врз својата територија. До 1986 година, MOB Bloods веќе воделе крвава војна со соседните Crips и Florencia 13 .

Во раните 2000-ти, Ballas ја доминирале поголемата територија на Jefferson, делови од East Los Santos, и имале влијание во Ganton и Idlewood. Нивното присуство се препознава преку црвени графити, тагови на ѕидови, и улични меморијали за загинати членови.
       


🟣NOWADAYS
Од последните години, Bloods се обновиле со младите членови кои се вклучени во активностите на бандата. Овие нови "влезници" се нарекуваат "Lil' Bloods", и многумина од нив се потсетници на постарите членови, но со нови методи. Тие се фокусирани на брзи и насилни криминални активности како што се грабежи, измами  и насилство на улиците. Влијанието на оваа подмладина се зголемува, а старите членови често се наоѓаат во конфликти со нив поради различни методи на работа и морални разлики.




EVENTS OF 1999-2000  КРВ ВО УЛИЦИТЕ НА ЛОС САНТОС

Периодот од 1999 до 2000 беше еден од најбурните моменти за East Side Bloods. По неколку години на нестабилен мир, конфликтот меѓу гангови=те се разгоре повторно. Главни актери беа Crips,Florencia 13 и Bloods кои брзо се стекнаа со репутација преку улична суровост и дрска експанзија.

Во почетокот на 1999, Florencia 13 изгубија значителен дел од својата територија поради голема полициска операција, која го уапси нивниот лидер "Tone Mack", оставајќи празнина која ја искористија ривалските сетови. East Side Bloods, започнаа агресивна експанзија кон централниот дел на градот, заземајќи неколку улички во Jefferson и East Los Santos.

Во исто време, MS-13, наводно финансирани од подземен синдикат од Либерти Сити, започнаа тајни операции за преземање на нарко-мрежата која ја контролираа Crips и мексиканските картели. Гласини велат дека East Side Bloods биле вклучени во низа исчезнувања на млади дилери и локални улични лидери, што го зацврсти нивниот имиџ како "банда што не остава сведоци".

До крајот на 2000 година, и покрај внатрешните судири и неколку неуспешни примирја, Bloods успеаја да се реорганизираат и да воспостават неформален совет меѓу водечките сетови. Овој сојуз, иако нестабилен, им овозможи на бандите да ги поделат териториите и да воспостават нов баланс на моќ во Los Santos.

Но, цената беше висока — улиците беа преполни со крв, стотици жртви, и уште повеќе исчезнати. За многумина, ова беше времето кога Bloods од обична улична банда станаа вистинска урбана сила.


🩸 Symbols and Culture


Bloods се познати по носење на црвена облека и користење на специфични симболи како бројот ,,5", петокрака ѕвезда и круна, кои ја претставуваат нивната поврзаност со People Nation. Членовите често користат рачни знаци за комуникација и имаат свој жаргон, избегнувајќи зборови со буквата ,,C" како знак на непријателство кон Crips.

🩸 Activities and Impact
East Side Bloods се вклучени во различни криминални активности, вклучувајќи трговија со дрога, грабежи, изнуда и оружје. Нивното влијание се проширува преку улични графити, музика и популарна култура, што придонесува за нивната репутација и регрутација на нови членови.