🌆 [IC CHARACTER BIOGRAPHY] — BUCCESTA

Started by Michael Buccesta, Oct 20, 2025, 12:35 AM

Previous topic - Next topic
Oct 20, 2025, 12:35 AM Last Edit: Oct 20, 2025, 12:37 AM by Michael Buccesta
🪪 Основни податоци

Име и презиме: Buccesta
Пол: Машки
Возраст: 27 години
Потекло: San Fierro, San Andreas
Сегашно живеалиште: Los Santos, Idlewood
Професија: Медицински техничар (LSMD)
Поранешна професија: DHL доставувач
IC статус: Активен граѓанин на Los Santos



🏙� Почеток на приказната

По долги години исполнети со сиромаштија и тешки денови во San Fiero, Buccesta  конечно решил да ја смени својата судбина. Со еден стар ранец, неколку облеки и огромна решителност, се качил во возот кон Los Santos — градот на можности и соништа.

Кога пристигнал на станицата, го погодил мирисот на градот, мешавина од бензин, морски воздух и живот. Ги гледал високите згради и си рекол:

> ,,Еве го местото каде што ќе започнам одново. Без минато, без ограничувања."


🏚� Живот во социјалната зграда[

Првите недели биле најтешки. Ниту пари, ниту работа, ниту пријатели.
Buccesta нашол сместување во социјалната зграда во Idlewood, каде што секоја ноќ се слушале различни приказни — некој бегал од долгови, некој од мафија, некој само сакал втор шанс.

Иако условите биле лоши, тој никогаш не се жалел. Секој ден излегувал на улица со надеж дека ќе најде нешто подобро. Понекогаш работел ситни работи – чистел дворови, пренесувал кутии, или помагал на локални продавници.


📦 Првото вработување — DHL Worldwide
Express


По неколку дена барање, Buccesta конечно го пронашол своето прво вистинско вработување — во DHL Worldwide Express.
Почнал како обичен доставувач, со жолта јакна и службен камион. Секој пакет што го носел му бил гордост. Работата не била лесна — дожд, жештина, нервозни клиенти — но тој секогаш ја завршувал до крај.

Со тек на време, стекнал доверба од менаџерите и добил позиција координатор на испораки.
Тогаш почнал да штеди пари, да планира и да мечтае за повеќе.

> "DHL ми покажа дека ако сакаш нешто, мораш да го заработиш со пот и труд."



🎓 Образование и диплома (LSMD)

Buccesta отсекогаш имал страст за медицина. Кога гледал луѓе повредени во сообраќајни несреќи додека доставувал, се чувствувал беспомошно.
Така започнал да штеди секој долар, и после две години конечно се запишал во LS Medical University.

Балансот помеѓу работа во DHL и студии бил пеколен — долги ноќи, малку сон, многу кафе.
Но секој испит го положувал со гордост. Кога конечно го добил дипломот од LSMD, стоел пред зградата, ја држел хартијата во рака и рекол:

> "Од Idlewood до болница... никогаш не престанав да верувам."



🏥 Вработување во LSMD

Со дипломата во рака, аплицирал во Los Santos Medical Department.
Интервјуто било строго — прашања за итни случаи, CPR протоколи, медицински транспорт — но Buccesta одговорил сигурно.
По неколку дена, добил повик:


> ,,Г-дин Buccesta, честитки. Примени сте како медицински техничар."


Тоа бил најсреќниот момент во неговиот живот.
Оттогаш секој ден го започнува во униформа, со стетоскоп околу вратот и насмевка на лицето.



🧠 Карактер (IC)

Вреден и дисциплиниран

Смирен под притисок

Почитува ред и закон

Не сака конфликти, но знае да се одбрани

Секогаш спремен да помогне, без разлика на ситуацијата


💬 IC Цитати


> "Не е важно каде си почнал, важно е каде сакаш да стигнеш."
"Од DHL доставувач до LSMD техничар — само со верба и работа."
"Животот не е патека без препреки, туку трка во која не смееш да запреш."