Криминал ( James Davidson ) 2

Started by Zayn Cross, Mar 06, 2026, 12:08 AM

Previous topic - Next topic
James Davidson е млад човек од Los Santos, стар 21 година. Пораснат е во тешка околина каде криминалот и улицата биле дел од секојдневието. Од мал научил дека за да преживее мора сам да се снаоѓа. Неговата ладнокрвност и внимателност го направиле познат меѓу луѓето од подземјето.

Тоj најчесто се движи ноќе низ градот, облечен во темна облека и секогаш со ранец во кој носи различни алатки. Познат е по тоа што знае брзо да се снајде во опасни ситуации и ретко остава траги зад себе. Кражби на автомобили, мали криминални работи и илегални зделки се дел од неговото секојдневие.

Иако изгледа мирен и тивок, James Davidson е човек на кого не му треба многу за да влезе во неволја. Во Los Santos неколку луѓе веќе го знаат неговото име и знаат дека кога тој е во близина — нешто сигурно ќе се случи.