Отворање на Народна кујна

Started by John, Mar 11, 2026, 08:54 PM

Previous topic - Next topic
Почитувани граѓани,

Со големо задоволство ве покануваме на свеченото отворање на Народната кујна, кое ќе се одржи на 11.03.2026 во 21:00 часот во градот Los Santos на адреса Idelwood 314.

На настанот ќе присуствуваат Премиерот на државата и градоначалникот на градот, каде граѓаните ќе имаат можност лично да се запознаат со нив, да поразговараат и да споделат свои идеи, проблеми и предлози за подобрување на животот во градот.

Народната кујна е хуманитарен проект чија главна цел е да обезбедува бесплатни оброци за граѓаните и да помогне на оние на кои им е најпотребно.

Дополнително, како дел од настанот Владата ќе организира и симболично доделување на стан и куќа, со цел поддршка на граѓаните и поттикнување на социјалната грижа во заедницата.

Ги покануваме сите граѓани да присуствуваат на отворањето и да ја поддржат оваа иницијатива.

 Сите сте добредојдени!

Со почит,
Кабинет на Премиерот

отварањето не се реализираше поради обид за атентат на премиерот