La Cosa Nostra - (Main Thread)

Started by GiussepeA, Mar 15, 2026, 08:51 PM

Previous topic - Next topic
Mar 15, 2026, 08:51 PM Last Edit: Mar 15, 2026, 08:55 PM by GiussepeA


La Cosa Nostra е историски најпозната сицилијанска мафијашка организација – името буквално значи ова е наша работа.Потекнува од Сицилија во 19 век, а подоцна создава огромно влијание и во Сан Андреас преку т.н. италијанско-американска мафија.Денес La Cosa Nostra ја води Franco Gusalli Beretta која се бави со:
-Шверц
-Дрога
-Рекетирање
-Оружје
-Перење пари
-Инфилтрација во градежништво,политика и бизнис.
Организацијата традиционално е поделена на "фамилии", а секоја има:capo,underboss.consigliere,soldati на кои пред се стои строг кодекс на олчење наречен omertà.
Доаѓање на LCN во Los Santos

Los Santos е град што има сè што му треба на една фамилија што мисли долгорочно: пристаниште, магацини, рути што одат во сите правци и доволно бизнис за да се изгуби трагата во нормалното секојдневие. Токму затоа, LCN не доаѓа со парада, туку со работа: контејнер што поминува без застој, потпис што се појавува таму каде што треба, и посредници што решаваат работи без да поставуваат непотребни прашања. Прво се гради логистиката – транспорт, документи и контакти – а потоа мрежата сама почнува да држи контрола. Не сме тука за шоу; тука сме за бизнис, и за ред што се воспоставува тивко.

Во Los Santos сè се движи брзо, а токму тоа е предност: во метежот лесно се губи трагата. Поради тоа, LCN се врзува за места што ,,нормално" никој не ги гледа како опасни — складишта што работат доцна, паркинзи кај индустриски зони, кратки релации меѓу пристаништето и градот, и фирми што живеат од рокови. На улица сè изгледа како секојдневие, а под површината се гради навика: кој прашува премногу, останува без одговор; кој работи тивко, секогаш има следна шанса. Los Santos е град што заборава брзо — а тоа е најдобрата почва за контрола што се создава без бучава.
La Cosa Nostra се сместени во вилата над народната банка во Лос Сантос,исто така под нивна сопственост е казиното под вилата и Агенцијата за Обезбедување Iron Wolf Security со седиште сместено на улицата Commerce.




Franco Gussalli Beretta е роден на 27.02.1983 година во Бреша,Северна Италија.Тој е роден во индустриското семејство што ја води легендарната Fabbrica d'Armi Pietro Beretta,компанија основана во 1526 година.Како наследник на долгата семејна традиција,тој од рана возраст бил вклучен во бизнисот со производство на огнено оружје.
Како дете тој растел во строго деловно семејство,рано бил изложен на фабричка средина,воспитуван во дух на дисциплина и традиција,од најрана возраст бил воспитуван со едно правило: традицијата не се наследува - се брани.
Додека другите деца играле надвор,Franco ги минувал деновите во старите производни хали,учејќи ја индустријата од темел.
Работниците рано забележале дека момчето зборува малку,но гледа многу.
Franco на 12 години веќе ги знаел сите производни линии,а на 16 години присуствувал на првите затворени состаноци.
Franco завршил студии по бизнис и индустриски менаџмент во елитните школи и универзитети,тој не е школуван само во училници туку и во затворени бодруми каде се решавале судбини на компании.Неговиот пат не бил гласен - Бил тивок и прецизен.
После студиите Franco постепено презема оперативна контрола на фабриката,го модернизира производството,ја зацврснува глобалната позиција на брендот на која подоцна станува претседател и CEO на Fabbrica d'Armi Pietro Beretta која ја вклучува во перење пари на познатата Италијанска  мафијашка фамилија La Cosa Nostrа во која потајно се прилучил во раните студентски денови.
Franco почнува да врши шверц на оружје за фамилијата La Cosa Nostra која е сместена во Лос Сантос во државата Сан Андреас.
Неговото смејство имало голем респект во очите на La Cosa Nostra како заслужна фамилија за слободата на Италија во минатите војни со што од лидерот на фамилијата бил назначен како главен за дистрибуција на оружје во светот кое било доставувано од страна на фамилијата La Cosa Nostra и е одржувана до ден денес.
Franco се одлучува да тргне на пат за Лос Сантос да извиди и да помогне на сегашниот назначен човек во работите околу легалните и илегалните работи.


Карактер на Franco.

Изглед на Franco:

Franco е висок 200CM,мускулно граден,лице со остри црти и ладна смиреност,темни продорни очи кои ретко покажуваат емоција,темна коса,секогаш уредно зачешлана назад и држење кое е секогаш исправено воено прецизно.

Стил на Franco:
-темни италијански костуми (нарачани)
-бела кошула без набор
-часовник од висока класа (дискретен,не кич)
-кожени чевли секогаш совршено полирани

Детали што го издаваат Franco:
-никогаш не носи ништо случајно
-секогаш има раце мирни на маса
-никогаш не користи телефон пред други

Психолошки профил:

ЈАВНО ЛИЦЕ:
-културен индустријалец
-заштитник на традицијата
-смирен корпоративен лидер

ПРИВАТНО:
-екстремно пресметлив
-долга меморија за долгови
-верува дека контролата е форма на уметност
-немилостив према "луѓето" кои го издале

Начин на зборување на Franco:

Глас:
-тивок
-длабок
-без брзање

Стил:
-кратки реченици
-ретко повторува
-поставува прашања место закани
пример: "Не ме интересира проблемот.
Ме интересира... зошто уште постои."

Манири и однесување:
-никогаш не се смее гласно
-одржува долг eye contact
-прави долги паузи пред одговор
-ретко покажува лутина - но кога ќе се случи,е тивка.
Луѓето околу него зборуваат потивко без да сфатат зошто.

МРЕЖА НА ВЛИЈАНИЕ:

Формално:
-претседател и CEO на Fabbrica d'Armi Pietro Beretta

Во сенка:
-блиски односи со индустриски кругови
-дискретни владини контакти
-јаки и поуздани контакти во подземје
-силна лојалност внатре во компанијата
-силна лојалност на фамилијата La Cosa Nostra

Музика што му одговара:
-dark Italian orchestral
-slow mafia jazz
-cinematic tension themes
-low piano + cello

КАРАКТЕР НА FRANCO:

Надворешно:
-смирен
-беспрекорно елегантен
-зборува малку
-секогаш контролирана енергија


Внатрешно:
-ладен стратег
-опседнат со контрола
-апсолутна лојалност кон двете семејства
-долга меморија за услуги и навреди

Неговата филозофија е едноставна:

"Бучавата ја прават аматерите.
Професионалците работат тивко"









поработи на едит на слики,болдирај текст




Супер РП, но стави строке на буквите бие очи 8)
𝓘'𝓵𝓵 𝓶𝓪𝓴𝓮 𝓱𝓲𝓶 𝓪𝓷 𝓸𝓯𝓯𝓮𝓻 𝓱𝓮 𝓬𝓪𝓷'𝓽 𝓻𝓮𝓯𝓾𝓼𝓮

убава замисла,строук на текстот само и кроп на сликите


𝗡𝗶𝗴𝗴𝗮𝘀 𝗯𝗲 𝘁𝗮𝗹𝗸𝗶𝗻 𝗹𝗶𝗸𝗲 𝘁𝗵𝗶𝘀 𝘀𝗵𝗶𝘁 𝗲𝗮𝘀𝘆 𝗼𝗿 𝘀𝗼𝗺𝗲𝘁𝗵𝗶𝗻𝗴.
𝗬𝗮 𝗛𝗲𝗮𝗿𝗱?
𝗡𝗮𝗵 𝗻𝗶𝗴𝗴𝗮, 𝗶 𝗺𝗮𝗸𝗲 𝘁𝗵𝗶𝘀 𝘀𝗵𝗶𝘁 𝗹𝗼𝗼𝗸 𝗲𝗮𝘀𝘆ⵑ






Gazigi gi CICO
𝓘'𝓵𝓵 𝓶𝓪𝓴𝓮 𝓱𝓲𝓶 𝓪𝓷 𝓸𝓯𝓯𝓮𝓻 𝓱𝓮 𝓬𝓪𝓷'𝓽 𝓻𝓮𝓯𝓾𝓼𝓮