Sumiyoshi-kai - (Main Theard)

Started by Larcuzo, Mar 13, 2025, 05:19 PM

Previous topic - Next topic

  • Историја на Sumiyoshi-kai

Sumiyoshi-kai (住吉会) е втората по големина јакуза организација во Јапонија, веднаш по Yamaguchi-gumi. Потекнува од Sumiyoshi-rengo, сојуз на криминални групи формиран во доцните 1940-ти години.

Во 1958 година, лидерот Koji Kudo ја обединува оваа криминална мрежа во една организација, формирајќи ја Sumiyoshi-kai. Од тогаш, организацијата ги проширува своите активности низ Јапонија, особено во Токио и околните региони. За разлика од Yamaguchi-gumi, која користи строга хиерархија, Sumiyoshi-kai се одликува со пофлексибилна федерална структура.

  • Доаѓањето на Sumiyoshi-kai во Лос Сантос


Во мрачните улици на Лос Сантос, каде што мафијашките кланови веќе имаа поделено територии, нова сенка почна да се надвиснува – Sumiyoshi-kai. Оваа јапонска организација, втора по големина јакудза фракција во светот, го сврте својот поглед кон овој метрополис, преполн со можности за криминални бизниси.

Првите траги од нивното присуство беа забележани во пристаништето, каде што непознати групи почнаа да преземаат контрола врз шверцот на оружје и дрога. Бизниси во Литл Токио почнаа да добиваат понуди што не можеа да ги одбијат – заштита во замена за лојалност.

Локалните банди во Лос Сантос, особено мексиканските картели и руската мафија, набрзо сфатија дека се соочуваат со дисциплиниран и смртоносен противник. Sumiyoshi-kai не користеше хаотично насилство – тие делуваа методично, тивко и со хируршка прецизност.

Се зборува дека нивниот доаѓање не било случајно. Некои велат дека високопозициониран член на организацијата бил принуден да побегне од Јапонија, а Лос Сантос бил совршено место за да се скрие и притоа да изгради нова империја. Дали полицијата и ФБИ ќе успеат да го спречат нивното ширење, или градот ќе стане нивна нова тврдина? Само времето ќе покаже.

Quote(место каде под групата е лоцирана после доаѓањето , активен регион)


Mar 13, 2025, 05:21 PM #1 Last Edit: Jan 20, 2026, 01:00 AM by A.Larcuzo
OOC Infromation -> сите што сте заинтересирани за симулација и реализирање на истово, пишете ми (te5ioo) на дискорд, се надевам дека ќе покренеме сериозен девелоп! https://discord.gg/hjrEsqkdN i join овдека!