Red Dragons Motorcycle | Main Thread

Started by Andrejco, Mar 24, 2026, 09:50 PM

Previous topic - Next topic

Ruiz беше човек што никогаш не можеше да мирува. Уште од мал, звукот на моторите му беше како музика — нешто што го тераше да се чувствува жив. Додека другите деца играа фудбал, тој стоеше покрај стари мотори, ги расклопуваше и повторно ги составуваше, учејќи ги нивните тајни.

Кога порасна, неговата љубов кон моторите стана дел од неговиот живот. Работеше како механичар, но за него тоа не беше само работа — беше страст. Секој мотор што ќе поминеше низ неговите раце добиваше нов живот, а секое возење му беше како бегство од сè.

Но, зад таа бучава и брзина, Ruiz носеше тивка желба — да најде некој што ќе го разбере. И еден ден, на една мала бензинска пумпа, ја запозна неа. Таа не ги сакаше моторите како него, но ја сакаше слободата што ја носеа.

Со неа, Ruiz научи дека љубовта не е само брзина и адреналин, туку и мир — нешто што дури ни најсилниот мотор не може да го даде. И за првпат, не сакаше да избега. Сакаше да остане.










Ruiz - Слободен дух на две тркала, во потрага по патот и мирната авантура.




Име и презиме: Rey Mysterio
Организација: Red Dragons

Карактер:
Реј е тивок, смирен и многу пресметлив човек. Не зборува многу, но кога зборува – сите слушаат. Лојален е на својата организација и никогаш не издава. Има брзи рефлекси и ладна глава во опасни ситуации, што го прави одличен во акција и стратегии.

Кратка биографија:
Реј Мистерио пораснал во сиромашен дел од градот, каде што уште од мал научил како да се снаоѓа сам. По години поминати на улица, бил забележан од членовите на Red Dragons поради неговата снаодливост и храброст. Со тек на време станал еден од најдоверливите луѓе во организацијата, познат по својата прецизност и дисциплина.

моја школа си се гледа

Темата се затвара тука !!!
LOCK !

ПРОДОЛЖУВА ТУКА - https://mrp.mk/forum/index.php?topic=7812.0