Клучни Промени

Started by Nior, Apr 12, 2026, 10:55 PM

Previous topic - Next topic
Apr 12, 2026, 10:55 PM Last Edit: Jun 07, 2026, 04:30 PM by Nior
Nick_Name: Antonio_Barresi
Објаснување за предлог/идеа:

Секој нов предлог во темата ќе биде постиран како нов коментар и, доколку истиот е исполнет, ќе биде обележан сo Check Mark.

✅ 1. Да се зголеми ограничувањето на карактери кои може да бидат во еден ред. Кога симулираме,
пречесто се случува реченицата да премине во нов ред. Не е прегледно, не е стилски
и на самите слики од roleplay акциите не изгледа добро, бидејќи е секогаш пренатрупано.
Може да се постави, на пример, 128 или 144 карактери, како што е на сликата. CLICK

✅ 2. При објавување на слики на форумот, тие автоматски се намалуваат за да се вклопат во ширината
на постот, при што се губи квалитетот и текстот на сликите станува замачкан и нечитлив.
Исто така, signature делот не е добро стилизиран и изгледа ограничено поради тесниот layout.
Делот каде стои нашиот аватар (User profile sidebar) исто така изгледа старо и обично.
Сметам дека е малце работа, а вреди да се средат овие ,,грешки". Да се зголеми ширината
на пост container-от, да се овозможи прикажување на слики во оригинална резолуција
и останатите наведени работи, како и многу други ситници, да се средат. Може да земиме пример
од форумот на Skill Arena - во одлична функција е, стилски и тотално среден. CLICK
(остана да се направи User profile sidebar со помодерен дизајн и да се промени бојата на форумот во некои темно сиви нијанси)

❌ 3. Да се постави активен модератор во секциите каде што е најпотребно средувањето
и организирањето на темите. Некој што исто така ќе помогне и ќе даде совет на оние
кои постираат. Такви секции засега се ,,Новости" и ,,ГТА Модови", иако сметам дека секаде
е потребен модератор кој ќе си ја завршува својата работа.
Во секцијата ,,Новости" да се направат подгрупи за development на карактерот,
development на официјална факција и development на неофицијална факција.
Сите да добијат архива, a она што веќе не се работи или е неактивно да се преместува
во архивата, за активните симулации во тој моментот да бидат видливи, чисти и средени.
,,ГТА Модови", исто така, треба да добие повеќе секции за да се направи распределба на
модовите и да не се постираат сите во еден ист борд. Генерално, целиот форум заслужува
да добие промена, да се подобри и да се модернизира, затоа што активно се користи секој ден.

up, не ти отвара сликите само.

Да добиеме поголем обим на objects кои ќе можеме да ги ставиме во интериор и екстериор од
нашите куќи, станови, викендици, канцеларии и сите останати недвижнини (барови, ресторани итн.)
за истите да можеме да ги употребуваме за ролплеј цели.

Многу од објектите имаат модови за наркотици, алкохол и други работи. Објектите што ги гледате
на сликите од линкот подолу, сите можат да се модираат, како што е модирано пакетчето со пури на
првата слика, и верувам дека голем избор на објекти ќе придонесе и во забавата и во ролеплејот.
CLICK

Да се додаде да можиме во секој интериор да влегуваме и излегуваме со копчињата F и Enter.
Не е многу практично секој пат да мораме да користиме /enter и /exit.
Генерално, сите сервери ја имаат оваа опција.

Quote from: Nior on Jun 13, 2026, 03:14 AMДа се додаде да можиме во секој интериор да влегуваме и излегуваме со копчињата F и Enter.
Не е многу практично секој пат да мораме да користиме /enter и /exit.
Генерално, сите сервери ја имаат оваа опција.

++++++
I'm not here to please anyone but myself.

Jun 13, 2026, 03:01 PM #9 Last Edit: Jun 15, 2026, 06:54 PM by Nior

Да се оформи Roleplay Enforcement Team (RPE), кој ќе функционира под надлежност на Faction Manager.

Тимот ќе има за цел активно да придонесува кон подигнување на Roleplay стандардите и да учествува во зајакнување
и проширување на RP заедницата на серверот. Со ова, Faction Manager-от ќе добие дополнителна поддршка во извршувањето
на своите обврски, при што дел од задачите ќе можат да бидат распределени на членовите на тимот,
кои ќе придонесуваат во извршувањето на неговите надлежности и активно ќе симулираат на серверот
и ќе помагаат во развојот на одредени фракции.

Во составот на тимот би можеле да членуваат администратори, лидери и обични играчи, односно секој што е подготвен
и доволно компетентен за извршување на оваа должност. RPE тимот не мора да располага со административни команди,
доволно би било членовите да поседуваат Title ,,RPE" над нивниот Nick_Name и Title ,,RPE Team" на форумот.

Ова би претставувало значителна мотивација за играчите активно да придонесуваат кон развојот на Roleplay-от,
со цел да станат дел од тимот. На тој начин, играчите би добиле дополнителен поттик за вложување труд и квалитетна RP симулација.

Можеби би било корисно да се воведат и одредени команди кои би го олесниле извршувањето на должностите на тимот,
а воедно би претставувале дополнителна мотивација за играчите да се приклучат кон него. Тоа го оставам на вас.

Доколку овој предлог се исполни, имам спремен план и програм како ќе делува целокупниот тим и структура.
Истиот ќе го објавам во посебна секција за RPE тимот доколку имам согласност од администрацијата.

super predolg da vidat samo admini ++++

Quote from: Nior on Jun 13, 2026, 03:01 PM

Предобар предлог, тоа го спомнував и јас и треба да се додаде на нашата (македонска) САМП сцена нема никаков развиен RolePlay што е срамотно искрено, треба да има RolePlay Enforcer Team кој ќе ги помага на играчите дали ќе е тоа повржано со форум RP, дали ингејм како да си го збогатат RolePlay-от

Quote from: Nior on Jun 13, 2026, 03:01 PM

Да се оформи Roleplay Enforcement Team (RPE), кој ќе функционира под надлежност на Faction Manager.

Тимот ќе има за цел активно да придонесува кон подигнување на Roleplay стандардите и да учествува во зајакнување
и проширување на RP заедницата на серверот. Со ова, Faction Manager-от ќе добие дополнителна поддршка во извршувањето
на своите обврски, при што дел од задачите ќе можат да бидат распределени на членовите на тимот,
кои ќе придонесуваат во извршувањето на неговите надлежности и активно ќе симулираат на серверот
и ќе помагаат во развојот на одредени фракции.

Во составот на тимот би можеле да членуваат администратори, лидери и обични играчи, односно секој што е подготвен
и доволно компетентен за извршување на оваа должност. RPE тимот не мора да располага со административни команди,
доволно би било членовите да поседуваат Title ,,RPE" над нивниот Nick_Name и Title ,,RPE Team" на форумот.

Ова би претставувало значителна мотивација за играчите активно да придонесуваат кон развојот на Roleplay-от,
со цел да станат дел од тимот. На тој начин, играчите би добиле дополнителен поттик за вложување труд и квалитетна RP симулација.

Можеби би било корисно да се воведат и одредени команди кои би го олесниле извршувањето на должностите на тимот,
а воедно би претставувале дополнителна мотивација за играчите да се приклучат кон него. Тоа го оставам на вас.

Доколку овој предлог се исполни, имам спремен план и програм како ќе делува целокупниот тим и структура.
Истиот ќе го објавам во посебна секција за RPE тимот доколку имам согласност од администрацијата.

Екстра предлог !!!