Специјална единица Тигри – Tactical Response Unit 119 | Fear the Roar

Started by Michael Buccesta, May 04, 2025, 04:39 PM

Previous topic - Next topic

Специјалната антитерористичка единица TIGERS – Tactical Response Unit 119 претставува елитна сила во служба на националната безбедност, создадена со една единствена цел – брзо, прецизно и бескомпромисно справување со највисоките безбедносни ризици. Оваа единица е симбол на сила, дисциплина и непоколеблива храброст. Со мото што одекнува длабоко – "Fear the Roar" – TIGERS го отелотворуваат гласот на одлучноста во моментите кога животот, безбедноста и стабилноста висат на конец. Составена од строго селектирани и исклучително обучени припадници, единицата ги надминува традиционалните граници на полициско или воено дејствување. Нејзините членови се подготвени да дејствуваат во секоја ситуација – од заложнички кризи, антитерористички акции и вооружени пресметки со организиран криминал, до интервенции при масовни напади и заштита на критични национални интереси.

TIGERS функционираат како целосно автономна оперативна структура, во постојана комуникација со други безбедносни служби, разузнавачки мрежи и државни институции. Поседуваат специјализирани тимови – снајперисти, експерти за експлозиви, урбани борбени тимови, преговарачи и технолошка поддршка – кои заедно создаваат тактичка машина способна за сложени операции со минимален ризик по цивилното население. Секој припадник поминува ригорозен процес на селекција, следен од обуки според светски стандарди, каде психолошката издржливост, тимската координација и борбената подготвеност се неприкосновени приоритети. Тие тренираат секој ден како да е вистинска мисија – затоа што кога ќе бидат повикани, нема простор за грешка.

Името "TIGERS" не е случајно избрано – тигарот е симбол на интелигентен ловец, брз, прецизен и смртоносен кога ќе нападне. Таков е и секој припадник на единицата – невидлив додека ја следи метата, а потоа неумолив кога делува. Нивното лого – штит со тигарска силуета – ја претставува нивната природа: заштитници со остри канџи, кои не се плашат да се соочат со најголемите опасности. Обучени за сите услови – од градски улички до планински терени, од дневни патроли до ноќни операции – тие се вистинска алатка на државата во време на кризa.

Она што ги издвојува TIGERS не е само нивната физичка подготвеност, туку и непоколебливиот.



Tigers ОБУКА:
Обуката за приправниците на оваа единица е со времетраење од 18 месеци, при што во тој период следат исцрпувачки селекции на кандидатите. Започнува со исцрпувачки 120 километарски марш на единицата притоа изведувајќи кондициони и борбени обуки. Обуката е распоредена во 3 етапи:

Прва елиминациона етапа во времетраење од 6 месеци. Тука е најголемата елиминација на недоволно подготвените. Исцрпувачки маршови и физички подготовки.

Втората етапа подразбира со запознавање на задачите кои единицата ги извршува и нивно имплементирање, како и организација по тимови кои подоцна ќе го претставуваат костурот на самите водови.

Третата елиминациона етапа е најтешка при што во неа се последните филтри каде што доаѓа до израз максималната физичка и психичка подготвеност на кандидатот. Се изведуваат сите претходно имплементирани вежби, маршови, борбени задачи, при што најслабите кандидати се отфрлаат.

Обуката и самата поставеност во единицата е по теркот на најпознатите светски полициски специјални единици, а како дополнително се имплементирани и елементи од Американските морнарички Фоки, Американските Ренџери и Делта одред, како и елементи од Руската Спецназ и британска САС.












Нови примани воени лица во единицата



Подредување колона на возила патрон подготова за контрола низ градот!



Фото сесија со ново вработените во единицата и усовршување возачки вештини!


•Специјална Антитерористичка единица Тигри•
Предводена од Commander:Michael Buccesta

Одржана е средба со Директорот ма болницата John Martello.



Ја прифативме молбата и барањето на директорот на болницата за сигурност и безбедност ред и мир во болницата!