Grove Street Family - Официјална Тема

Started by Andrejco, May 14, 2025, 11:52 PM

Previous topic - Next topic
May 14, 2025, 11:52 PM Last Edit: May 18, 2025, 02:18 AM by Andrejco



                                                                                                                                                                     



Grove Street Family, препознатлива и како Crips, е банда од улиците на Лос Сантос, чие име некогаш значеше почит, сила и влијание. Во нејзините најдобри времиња, Grove Street стоеше високо – на самиот врв од градската хиерархија. Зелената боја не беше само симбол, туку предупредување – таму каде што имаше зелено, имаше Grove.

Но, славата не трае вечно.

Ривалската банда, позната како Bloods, жестоко го оспори нивното владеење. Конфликтите се засилија, територии се губеа, а довербата во редовите почна да се крши. Од доминација, Grove Street падна во заборав. Улиците што некогаш трепереа под нивните чекори, станаа тивки.

Со текот на времето, Grove Street Family стана сенка од тоа што била. На дното на Лос Сантос, меѓу предавства, загуби и постојани напади, тие имаа само едно прашање пред себе – дали падот е крај, или почеток на нешто ново?

И така, низ калта и пепелта, почна ново будење. Без гласно најавување, без милост, туку со истата стара одлучност што некогаш ја изградиле улицата. Зашто Grove никогаш не умира — само се повлекува додека не дојде време да се врати

Grove Street Family. Од улицата. За улицата. Засекогаш.



                                         



Во меѓувреме додека бандата беше на дното од Лос Сантос и имаше малкубројни членови, се појави едно младо, но бистро момче - Руиз, на прв поглед изгледаше како момче кое не знаеше што прави. Тоа момче постепено се покажа да знае работа - две. Со време на време момчето почна да си ги искашува неговите способности и стратегии. Членовите меѓусебно се договориаа да го стават него како главен водач на бандата.