Moto Club Santos

Started by Tommy_Black, May 23, 2025, 12:50 AM

Previous topic - Next topic
May 23, 2025, 12:50 AM Last Edit: May 23, 2025, 06:01 PM by Tommy_Black
Moto Club Santos / Мото Клуб Сантос


History :

Основан во далечната 1950 од страна на Tom Black со седиште во малото село Dillimore на само неколку километри од Los Santos , клубот го добил името од барот Santos кој бил основан 1948 , само 2 години пред да се формира клубот . Барот немал многу работа затоа што сепак Dillimore е мало село со само неколку куќи па Tom одлучил да создаде и мото клуб... На почетокот клубот имал само неколку членови , познаници на Tom , но како веста се ширела доаѓале се повеќе и повеќе луѓе па денес тој брои над 30 членови.

Членовите на клубот секојдневно правеле тури со моторите и се било во ред се до 1962 година кога двајца членови од клубот биле уапсени од полицијата поради тоа што биле затекнати како дилаат дрога во добро познатата населба Richman . Полицијата направила претрес на барот неколку дена откако членовите биле уапсени но се било чисто затоа што Tom не се занимавал со илегали. После овој претрес клубот Santos бил одобрен од останатите MC клубови во Los Santos и клубот до ден денес го запазува кодексот и MC правилата.


Culture :

Како што кажавме , клубот го добил името од барот Santos , секој член на клубот при влез во истиот добива кожно палто и на задниот дел од истото стои логото на клубот , членовите мора да го носат палтото додека се одржува некој настан со клубот,независно дали е тура или во селото. Клубот е препознатлив по црната боја која членовите гордо ја носат и ја бранат. Барот денес може да се каже дека е атракција затоа што секојдневно го посетуваат луѓе , внатре има доста постери и слики од клубот а надвор се моторите на членовите од кој сите се восхитуваат.


Present:

Тоm ракувал со клубот до 2010та година во која починал од срцев удар . Со клубот денес ракува неговиот внук Tommy кој уште од мал се интересирал во моторите поради тоа што неговите родители биле зафатени со бизниси , голем дел од времето го минувал со неговиот дедо во барот и е добро запознает со голем дел од членовите , па и правилата и кодексот на MC . Клубот е еден од најстарите во овој крај и секој е добредојден во него , без разилка на типот на мотор кој го поседувате . Секојдневно се оддржуваат тури , забави и уште што не , па зошто да не бидете дел од клубот доколку веќе го имате вашиот миленик на две тркала .


Tommy Black

Tommy Black - Внук на основачот на клубот , Tom . Младо мускулесто момче полно со енергија . Уште од мали нозе поврзан со моторите поради недоволно обрнато внимание од родителите . Првиот мотор го добил на само 13 години па оттогаш љубовта кон моторите се зголемува многу повеќе . На 16 години , по добивање на возачката дозвола Tommy купува посилен мотор и присуствува на турите со клубот . По смртта на неговиот дедо тој одлучува да продолжи по неговиот пат односно да го води клубот . Тој е многу дружељубив па има доста пријатели од селото и градот , препознатлив е по неговата долга коса . Во неколку интервјуа тој има изјавено дека има желба клубот да стигне до првото место во светот , и дека сите награди освоени се посветени на неговиот дедо.