Bloods

Started by Lucas007, Jul 11, 2025, 01:43 AM

Previous topic - Next topic
Jul 11, 2025, 01:43 AM Last Edit: Jul 11, 2025, 01:56 AM by Lucas Johnson
Бандата Bloods е една од најпознатите и најопасни улични банди која потекнува од Лос Анџелес, Калифорнија. Основана е во раните 1970-ти како одговор на зголеменото влијание на ривалската банда Crips. Bloods се препознатливи по носењето црвена облека и по нивната специфична култура на гестови, сленг и тетоважи. Членовите често се вклучени во различни криминални активности како што се трговија со дрога, изнуда, оружје, уцени и насилства. Бандата е структурирана во помали групи познати како ,,сетови", кои функционираат во различни области, понекогаш со свои правила, но сите остануваат лојални на Bloods. Со текот на времето, бандата се проширила и надвор од Калифорнија, вклучувајќи ги и другите делови на САД, па дури и меѓународно. Иако често се поврзуваат со насилство, Bloods исто така имаат силна внатрешна братска врска и чувство на припадност помеѓу членовите, што ги прави уште поорганизирани и влијателни во уличната култура.