Loader

Vagos Motorcycle Club -- OFC

Started by Victoria Rose, Oct 04, 2025, 06:41 PM

Previous topic - Next topic
Нашето поглавје не започна во Los Santos. Нашите корени доаѓаат од Калифорнија, каде што ги научивме првите улични лекции лојалност, чест и преживување. Los Santos го гледаме како град на можности, место каде што може да се фатат нови корени. Град каде улиците се жедни за боја. Со неколку мотори и коли пристигнавме во Los Santos за да изградиме сопствено маало, бизниси и име кое ќе влева и страв и почит. Првите недели ги поминавме на улица контакти, ситни зделки и запознавање на теренот. Чекор по чекор, започна да се слушаат имињата Victoria и Nathan поставувајќи темели за ново Vagos поглавје.


"Respect the road. Fear the color."



Однесување/Кодекс на 'Patch Member' во еден оutlaw MC
Однесување према клубот
  • Го ставаш клубот над личните интереси.
  • Амблемот  на клубот не се валка, се носи со гордост и респект.
  • Одлуките на клубот се почитуваат и поддржуваат, без разлика на твоето мислење
  • Лојалност спрема клубот е неприкосновена

Однос кон други членови
  • Секој член е брат, доверба и почит меѓу себе е основа на клубот.
  • Конфликт во клубот се решава внатрешно, не во публика.
  • Се помага меѓу себе, без разлика на ситуацијата.
  • Никој член не се остава зад себе
  • Нема предавство, нема оставен брат.




Основен речник на клубски поими

MC - Motorcycle Club (Мото клуб)
Patch - Амблем кој се шие на елек или јакна. Patch ја покажува твојата припадност, ранк итн кон клубот.
Club colours/Клубски бои - Назив на целосниот сет на амблеми на грбот на еден оутлоу бајкер. Тоа вклучува името на клубот најгоре, знакот/логото на клубот во средина, и од каде е тој чаптер (од кој град/држава/географско место).
Patch member/holder - Член кој заслужува да ги носи амблемите и боите на клубот.
Outlaw Motoclub - Означува оние мото клубови што не сакаат да го почитуваат законот (најчесто се занимаваат со илегални дејства).
1% (One Percenter) - Член на клуб кој се идентификува како 'outlaw'/надвор од законот. 1%ер се оние кои живеат по свои правила (99%er се оние кои ги почитуваат правилата на општеството).
Chapter - подглавје/каде се наоѓа овој клуб.
Nomad Chapter - chapter кој што нема локација на престој.
Prospect - Пробен член на клубот. Недокажан член.
Hangaround - Придружник на клубот.
President - Официјалниот претседател/глава на организацијата.
Vice President - Втор во команда.
Sergeant at Arms - Одговорен за ред и дисциплина во клубот.
Road Captain - Член задолжен за рути за време на вожња и за безбедност за време на вожња.



Oct 04, 2025, 06:41 PM #1 Last Edit: Oct 04, 2025, 06:46 PM by Victoria Rose
Помош за инвите

Сите членови на организацијата ќе мораат да користат Дискорд.
Нашата цел е да прикажеме реалистична интерпретација на таканаречен 'outlaw' или 1%ер мото клуб.

Зошто инвите во Vagos MC (претставено како MRD)

Нашиот план е да претставиме motorcycle gang симулација во реалистична полза, но гледајќи забава во прв ред. Мото клубови се братства. РПто што ќе го донесеме е групна акција (легално и илегално). Мото членови се доста по блиски од други организации, заради тоа што ти живееш за клубот и моторот, а не за да профитираш.

Hangaround

Hangaround е поим за играчи/членови кои сакаат да станат дел од клубот. Тие се нормални луѓе со било каква позадина (имаш интерес за мотори, си човек што го интересира живот со потенцијал за илегала итн.). Сите заинтересирани ќе треба да го поминат овој чекор. Hangarounds доаѓаат до мото клубот некако и почнуваат да се дружат со членовите на клубот. Доаѓаат на забави, евенти и пробуваат да бидат видени во позитивно светло од членовите.

Prospect

Prospect e првиот ранк во организацијата. За да станеш prospect, President/Vice President на клубот треба да има доволно доверба во тебе. За да добиеш инвите, треба константно да се докажеш према членовите на клубот. Алтернативно, официјален 'patched' член може да те спонзорира за влез во клубот. Спонзорство не значи парична сума, него означува запознавање со членовите. Твојот спонзор е задолжен како твој ментор во клубот (обука на работа и обичаи). Со земање инвите, ти се доделува 'Prospect' амблем или 'patch' кој го шиеш на елекот.

Oct 04, 2025, 06:41 PM #2 Last Edit: Oct 12, 2025, 10:23 PM by Victoria Rose
Официјални Ранкови во Vagos MC,

Prospect (Rank 1),

Проспект е кандидат за членство во клубот. Тој најчесто има само еден амблем даден од клубот на кој пишува 'Prospect'. Овие членови не се браќа сеуште и нивната цел е да се докажат пред членовите.  Овие членови имаат задача да ги служат официјалните членови на клубот. Тоа може да биде работа во бар, помагање за преносување ствари за евенти, физичка работа, чување на мотори, патна логистика итн. Проспектс мораат да ги слушаат официјалните членови на клубот без разлика на состојбата или моментот. Ако официјален член го прати да купи цигари во 3 часот сабајле, тој мора да го исполни истото.

Patch Member (Rank 2),

Официјален член на клубот. Има целосен амблем на клубот, е брат (дел од братството). Има должност да го претставува клубот, лојалност и одбрана на клубот, присуство на собири, евенти и вожња, и генерално активно учество во активностите на клубот. Patch member смее да спонзорира hangarounds за да станат prospects (да добијат инвите). Доколку ова се случи, тој член има задача да го менторира/учи играчот што го спонзорира. Има право на глас при одлуки поврзани со клубот.
Напомена: Спонзорство важи за сите официјални членови што се поголем ранк од Prospect.

Road Captain (Rank 3),

Офицер во клубот задолжен за возења и патни активности. Како Road Captain, има должност за планирање на маршути, водење на колоната, грижа за безбедност на сите членови за време на возење.

Treasurer (Rank 3),

Офицер за финансии. Грижа за парите на клубот, собирање на членарна, плаќање трошоци и оддржување финансиски извештаи. Има должност да биде транспарентен и чесен кога се работи со пари.
Treasurer не е поголем ранк од Road Captain и нема поголем авторитет. И двата ранкови се офицери што имаат различни задачи.

Sergeant-at-Arms (Rank 4),

Офицер за ред и дисциплина. Должност за обезбедување на собири и безбедност на клубот, и спроведување на клубски правила. Има авторитет да воведува ред, да санкционира и да обезбедува дисциплина. Има одговорност никој да не го прекршува кодексот без последици.

Secretary (Rank 5),

Офицер кој има работа да води евиденција на административните аспекти на клубот. Записници од состаноци, евиденција на  членови, ранкови, patches итн.

Vice President (Rank 5/6),

Помага во работата на претседателот, презема лидерска улога кога тој е отсутен, надгледува офицери. Доколку има само еден лидер, ранк 5 може да има улога на VP.

President (Rank 6),

Глава и авторитет на клубот. Води состаноци, претставува клуб пред надворешни, носи конечни одлуки заедно со офицерите. Има највисок авторитет. Доколку Претседател сака да оди на пијачка, сите членови мора да присуствуваат.

Old Lady,

Old Lady e назив за партнерка, девојка или жена на официјален член на клубот. Иако таа не е член, таа е дел од клубот. Тие се заштитени од клубот, и се очекува од нив да ги застапуваат истите правила и кодекс на клубот.

Club Girl,

Разликата помеѓу Club Girl и Old Lady е тоа што club girls се движат околу клубот ама не се официјално признаени.

Заинтересирани за симулација можете да дојдете на нашиот дискорд.
https://discord.gg/26Gk6UdyjC
Nathan Archibald
" Live Vago Die Vago "

Victoria rose jas sum zainteresiran za simulacija so vas sakam da bidam motordzija  :D









Quote from: Brandon Lafayette on Oct 06, 2025, 05:28 PMVictoria rose jas sum zainteresiran za simulacija so vas sakam da bidam motordzija  :D
Повели слободно  ;D