La Cosa Nostra - (Main Thread)

Started by Jim Calderone, Jan 25, 2026, 04:14 PM

Previous topic - Next topic



Return to Los Santos

Моторите на авионот тивко се гасат додека тркалата допираат на пистата во Los Santos. По неколку години отсуство, градот повторно стои пред Aureliano Regazzoni – но овојпат не како гостин. Како замена.

Aureliano полека излегува од авионот, со темно одело и мирен израз. Нема придружба. Нема спектакл. Само еден кожен куфер и име што во одредени кругови сè уште тежи.

,,Градот никогаш не заборава... само чека кој ќе се врати."

Los Santos се сменил. Нови лица, но структурата под површината останала иста – пари, моќ и влијание. Карузо ја напуштил позицијата, а семејството не можело да си дозволи празнина. Кога има вакуум, некој друг го пополнува.

Затоа Aureliano е тука.

Не за војна.
Не за демонстрација.
Туку за стабилност.

Овојпат нема импровизации.
Ќе има ред. Ќе има профит. Ќе има контрола.

Los Santos не добива нова личност. Добива надзор.

Aureliano Regazzoni се врати дома.



Quote1. 800Х600 на сликата удри и топ си.
2. Строке на буквите удри и топ си.

THE VELVET CROWN CASINO • GRAND OPENING








QuoteСтроке на буквите не е читливо, 800х600 на буквите!?





Franco Gussalli Beretta е роден на 27.02.1983 година во Бреша,Северна Италија.Тој е роден во индустриското семејство што ја води легендарната Fabbrica d'Armi Pietro Beretta,компанија основана во 1526 година.Како наследник на долгата семејна традиција,тој од рана возраст бил вклучен во бизнисот со производство на огнено оружје.
Како дете тој растел во строго деловно семејство,рано бил изложен на фабричка средина,воспитуван во дух на дисциплина и традиција,од најрана возраст бил воспитуван со едно правило: традицијата не се наследува - се брани.
Додека другите деца играле надвор,Franco ги минувал деновите во старите производни хали,учејќи ја индустријата од темел.
Работниците рано забележале дека момчето зборува малку,но гледа многу.
Franco на 12 години веќе ги знаел сите производни линии,а на 16 години присуствувал на првите затворени состаноци.
Franco завршил студии по бизнис и индустриски менаџмент во елитните школи и универзитети,тој не е школуван само во училници туку и во затворени бодруми каде се решавале судбини на компании.Неговиот пат не бил гласен - Бил тивок и прецизен.
После студиите Franco постепено презема оперативна контрола на фабриката,го модернизира производството,ја зацврснува глобалната позиција на брендот на која подоцна станува претседател и CEO на Fabbrica d'Armi Pietro Beretta која ја вклучува во перење пари на познатата Италијанска  мафијашка фамилија La Cosa Nostrа во која потајно се прилучил во раните студентски денови.
Franco почнува да врши шверц на оружје за фамилијата La Cosa Nostra која е сместена во Лос Сантос во државата Сан Андреас.
Неговото смејство имало голем респект во очите на La Cosa Nostra како заслужна фамилија за слободата на Италија во минатите војни со што од лидерот на фамилијата бил назначен како главен за дистрибуција на оружје во светот кое било доставувано од страна на фамилијата La Cosa Nostra и е одржувана до ден денес.
Franco се одлучува да тргне на пат за Лос Сантос да извиди и да помогне на сегашниот назначен човек во работите околу легалните и илегалните работи.


Карактер на Franco.

Изглед на Franco:

Franco е висок 200CM,мускулно граден,лице со остри црти и ладна смиреност,темни продорни очи кои ретко покажуваат емоција,темна коса,секогаш уредно зачешлана назад и држење кое е секогаш исправено воено прецизно.

Стил на Franco:
-темни италијански костуми (нарачани)
-бела кошула без набор
-часовник од висока класа (дискретен,не кич)
-кожени чевли секогаш совршено полирани

Детали што го издаваат Franco:
-никогаш не носи ништо случајно
-секогаш има раце мирни на маса
-никогаш не користи телефон пред други

Психолошки профил:

ЈАВНО ЛИЦЕ:
-културен индустријалец
-заштитник на традицијата
-смирен корпоративен лидер

ПРИВАТНО:
-екстремно пресметлив
-долга меморија за долгови
-верува дека контролата е форма на уметност
-немилостив према "луѓето" кои го издале

Начин на зборување на Franco:

Глас:
-тивок
-длабок
-без брзање

Стил:
-кратки реченици
-ретко повторува
-поставува прашања место закани
пример: "Не ме интересира проблемот.
Ме интересира... зошто уште постои."

Манири и однесување:
-никогаш не се смее гласно
-одржува долг eye contact
-прави долги паузи пред одговор
-ретко покажува лутина - но кога ќе се случи,е тивка.
Луѓето околу него зборуваат потивко без да сфатат зошто.

МРЕЖА НА ВЛИЈАНИЕ:

Формално:
-претседател и CEO на Fabbrica d'Armi Pietro Beretta

Во сенка:
-блиски односи со индустриски кругови
-дискретни владини контакти
-јаки и поуздани контакти во подземје
-силна лојалност внатре во компанијата
-силна лојалност на фамилијата La Cosa Nostra

Музика што му одговара:
-dark Italian orchestral
-slow mafia jazz
-cinematic tension themes
-low piano + cello

КАРАКТЕР НА FRANCO:

Надворешно:
-смирен
-беспрекорно елегантен
-зборува малку
-секогаш контролирана енергија


Внатрешно:
-ладен стратег
-опседнат со контрола
-апсолутна лојалност кон двете семејства
-долга меморија за услуги и навреди

Неговата филозофија е едноставна:

"Бучавата ја прават аматерите.
Професионалците работат тивко"