Tyrone Big T Miller

Started by Matej Mitrevski, Aug 29, 2025, 10:55 PM

Previous topic - Next topic

 Приказна за Tyrone "Big T" Miller

Tyrone Miller, познат низ Гантон како Big T, е човек со силно присуство и уште посилна репутација. Роден и израснат во Лос Сантос, од мала возраст се соочил со суровата реалност на уличниот живот. Преживувајќи меѓу банди, дрога и сиромаштија, Big T научил дека за да опстанеш – мора да имаш ум колку и сила.

Во своите доцни дваесетти години, со парите што ги заработил од улични зделки, Big T ја презема контролата врз кафичот The Green Bottles во срцето на Гантон. На површина, кафичот изгледа како обично место каде што локалните жители доаѓаат да се напијат пиво и да слушаат музика. Но оние што ја знаат вистината, знаат дека The Green Bottles е многу повеќе од тоа.

Big T ја користи кафаната како прикритие за своите илегални бизниси. Преку шанкот и зад затворените врати, таму се договараат препродажби на оружје, се врши дистрибуција на дрога и се перат пари. Неговата стратегија е едноставна: кафичот привлекува луѓе, а таму каде што има луѓе – има и прилики.

Иако е газда, Big T секогаш седи на истата маса во аголот, од каде има поглед на целиот локал. Со неговиот масивен глас и ладен поглед, никој не се осмелува да му се спротивстави. Заедницата го почитува – некои од страв, некои од благодарност затоа што често знае да помогне на семејства што немаат ништо.

Сепак, неговиот живот е на тенка линија. Полицијата одамна го сомничи, ривалските банди сакаат да го симнат, а самиот Гантон е барут кој секој момент може да експлодира. Но Big T знае едно:
сè додека The Green Bottles работи, тој ќе владее со сенките на Лос Сантос.


одлично,следам