Royal Business Group

Started by Armani, Feb 11, 2026, 11:41 PM

Previous topic - Next topic
Feb 11, 2026, 11:41 PM Last Edit: Feb 11, 2026, 11:44 PM by Armani
David Kocevski е 30-годишен успешен бизнисмен од населбата Richman, познат по својата дисциплина, визија и бизнисменски способности. Тој е сопственик на познат ланец на ресторани кој го наследил од својот татко – човек кој го изградил бизнисот од нула со многу труд и посветеност.
Уште од младоста, David бил вклучен во семејниот бизнис. Учел како функционира менаџментот, организацијата, финансиската стабилност и односот со клиенти. Наместо само да го наследи успехот, тој одлучил да го надгради. Со модерни идеи, подобра организација и проширување на мрежата, успеал да го подигне ланецот на ресторани на повисоко ниво.


Под негово водство:
Рестораните станале симбол за квалитет и професионалност
Тимската работа е на прво место
Секој вработен има јасна структура и одговорност
Дисциплината и редот се строго почитувани
David верува дека не е само вистински сопственик, туку човек што знае да управува со луѓе, да носи тешки одлуки и да стои цврсто зад секоја своја постапка. Неговото искуство во бизнисот му дало зрелост, трпение и стратегиско размислување – квалитети кои го прават успешен бизнисмен.


Како личност е:
Строг, но праведен
Лојален и одговорен
Смирен под притисок
Амбициозен и визионер
Со својата деловна репутација и почитта што ја ужива во Richman, David Kocevski претставува стабилност, сила и организираност. Тој не само што знае како да води бизнис, туку знае и како да води луѓе.


Royal Business Group - Downtown 241 (Alhambra)


Продолжи , следам  ;D