Нов градоначалник на Los Santos

Started by John, Mar 11, 2026, 03:04 PM

Previous topic - Next topic
Почитувани граѓани,

По денешната седница на Владата и по извршените консултации со надлежните институции, донесена е одлука за назначување на нов градоначалник на градот Los Santos.

Со оваа одлука започнува нов период на развој, стабилност и посветена работа во интерес на сите граѓани на нашиот град. Новиот градоначалник ќе има задача активно да работи на подобрување на инфраструктурата, поддршка на локалната економија, подобрување на јавниот ред и безбедноста, како и создавање подобри услови за живот за сите жители на градот.

Владата ќе продолжи да работи во тесна соработка со градската администрација на Los Santos со цел реализација на нови проекти, инвестиции и програми кои ќе придонесат за напредокот на градот.

Нашата заедничка цел е јасна – силен град, стабилна економија и безбедна иднина за сите граѓани.

Владата им посакува успех во работата на новиот градоначалник и очекува одговорно и посветено извршување на должноста во интерес на јавноста.

 Останете со нас – најдоброто допрва доаѓа.

Со почит,
Премиер John Nikolson


Како личен Граѓанин на Лос Сантос морам да кажам дека имам високи очекувања , но поголема ми е довербата во Премиерот. Се надевам оваа одлука ќе ни донесе големи придонеси во нашиот град.
САМО НАПРЕД!!