𝖘𝖎𝖈𝖎𝖑𝖎𝖆𝖓 𝖒𝖆𝖋𝖎𝖆.

Started by Attavino Zaza, Mar 22, 2026, 01:03 AM

Previous topic - Next topic

] По смртта на својот татко — стар мафијаш од Катанија, Сицилија — Кристијано Пачиотти добива тајна мисија: да го прошири семејниот криминален синџир во Америка. Но не било каде — туку во Лос Сантос, град на пари, моќ, корупција и опасности зад секој агол.

Со себе носи стара тетратка полна со имиња и контакти, и амбиција да го претвори сицилијанскиот стил на работа во модерен криминален бизнис. Но кога стигнува во Лос Сантос, сфаќа дека теренот не е празен. Локалните банди, корумпираната полиција, мексикански картели и дури и еден таен агент му се на патот.

Во целиот хаос, Кристијано влегува во партнерство со еден Македонец — Никола ,,Нико" Јовановски, поранешен војник од Скопје кој емигрирал во Лос Сантос и се снаоѓа во сенката на градот. Заедно почнуваат нов бизнис: препродавање луксузни автомобили, перење пари преку ноќни клубови и трговија со информации.

Но довербата во овој свет се купува со крв, а предавствата се секојдневие. Кристијан мора да избере: дали ќе ја следи патеката на својот татко или ќе ја гради својата империја по свои правила?

Летот од Катанија до Лос Сантос траеше долго, но Кристијано Пачиотти не се жалеше. Во рацете држеше стара, пожолтена тетратка со кожна корица — наследство од неговиот татко, Дон Марко. Во неа беа запишани десетици имиња: пријатели, предавници, должници. Последната страна содржеше само една реченица, напишана со рака што тешко се читаше:

,,Лос Сантос — градот што ќе го направи или скрши твоето име."

Кога слета, градот го пречека со гужва, смог и звукот на сирени во далечината. Такси го однесе до хотелот ,,Висаж", скап хотел во центарот на градот. Кристијано не дојде како турист — дојде како волк меѓу други ѕверови.

Првата негова средба беше со Никола ,,Нико" Јовановски — висок, мускулест Македонец со лузна над веѓата и минато што никогаш не го спомнува. Се сретнаа во подрумот на еден клуб во Ист Лос Сантос, каде што Нико држеше импровизирана канцеларија покрај кутија со оружје и ракија од Македонија.

,,Ти си тој сицилијанецот што ми го спомна човекот од Лас Вентурас?" — праша Нико, додека го гледаше Кристијано со сомнеж.

,,Да. А ти си Македонецот што знае како се води бизнис кога нема правила", одговори Кристијано со ладен тон.

Се погодија од прв пат. Им требаше само една недела да ја започнат својата прва операција — купија запуштен автосалон и го претворија во база за нелегални трки, препродажба на крадени возила и тајни состаноци.

Но, проблемите не доцнеа. Локалниот шеф на мексиканскиот картел, Ел Торо, дозна дека нови играчи се појавиле на негова територија. Испрати предупредување — кутија со отсечено кучешко уво и порака:

,,Не сте добредојдени. Последниот што проба да ми земе дел од градот — го најдовме во бетон."

Кристијано го запали писмото и погледна во Нико:
,,Ни праќа закани како аматер. Време е да му покажеме што значи Сицилија.


La Cosa Nostra, позната и како Италијанска мафија, своите корени ги има од Сицилија, Италија, каде што започнала како форма на заштита на локалните жители во време на политички нереди. Со текот на времето, прераснува во една од најмоќните криминални организации, позната по строгата хиерархија, кодексот на молчење наречен "Omertà", и бруталната ефикасност во елиминација на противници.

Во Америка, La Cosa Nostra за прв пат се појавува во раните 1900-ти години, кога Италијанските имигранти ја пренесуваат традицијата на организиран криминал. Големите имигрантски бранови создаваат моќни семејства во Њујорк, Чикаго и Лос Сантос, кои доминираат во рекет, перење пари, трговија со оружје и нелегална дистрибуција на алкохол.


La Cosa Nostra Правила и Кодекси

Omertà — Кодекс на молчење. Никогаш не се зборува со полицијата.

Чест и почит — Секој член мора да покажува лојалност кон семејството и лидерот.

Заштита на тајните — Секој разговор за семејството е забранет надвор од доверливите лица.

Одмазда и Чест — Предавството се казнува со елиминација, без предупредување.


La Cosa Nostra Outsider

Надворешните соработници, или таканаречените "Outsiders", се клучни за операции кои не смеат директно да бидат поврзани со семејството. Тие се одговорни за задачи како рекетирање, прибирање информации и логистика на перење пари. Иако немаат целосна доверба, тие се важни поради својата способност да работат без да го загрозат семејството. Напредокот во организацијата зависи од нивната лојалност, успешност и докажана доверба.

Како се добива покана за (Invite) La Cosa Nostra - Outsider?

Секој што е забележан како потенцијален кандидат, мора да привлече внимание на постоен член на семејството. Тоа може да биде преку:

Локални бизниси: Ако редовно работиш како обезбедување или менаџер во еден од клубовите што La Cosa Nostra ги контролира, голема е шансата некој да те забележи.

Мали услуги: Извршување на мали "работи" како доставување пликови, информации или логистика за бизниси.

Случајни средби: Понекогаш, доволно е да се најдеш на вистинското место и да помогнеш во вистинскиот момент.

La Cosa Nostra Првиот Контакт

Имаме интерес за твојата лојалност. Ќе ти дадеме задача. Ќе ја завршиш, или нема да се појавиш повторно

La Cosa Nostra Првата Задача

Оваа задача е секогаш нешто едноставно, но ризично. Пример:

Пренос на плик од една локација до друга без отворање.

Наплата на "долг" од локален бизнисмен.

Следење на цел во текот на неколку денови, без да забележи.

Целта е да ја тестираат твојата лојалност, способност за молчење и дали знаеш да останеш под радар.


La Cosa Nostra Повикот

Ако задачата е успешно завршена, ќе добиеш повик со кратка порака:

,,Дојди во клубот во соба број '7' во 20:00. Нема доцнење."

Ова е твојата покана за официјален разговор. Тука добиваш инструкции за следните задачи, кои се поопасни и поодговорни.