Basciano Gruop

Started by Nior, Apr 21, 2026, 05:13 PM

Previous topic - Next topic
Apr 21, 2026, 05:13 PM Last Edit: May 30, 2026, 12:15 AM by Nior



Lore
Италијанската миграција кон Соединетите Држави трае со генерации, многу пред некој во San Fierro воопшто да го слушне презимето Basciano. Некои доаѓале поради подобар живот, други само сакале да избегаат од тоа што го оставиле зад себе.
Со тек на време, третата и четвртата генерација веќе растеле како Американци, со мешавина од старите приказни и новиот начин на живот, нешто помеѓу традиција и реалност. Повеќето семејства се вклопиле, отвориле бизниси, живееле мирно.
Ама не сите. Во градови како San Fierro, каде што секој си ја гледа својата работа и никој не прашува премногу, доволно е мал чекор на страна за да влезеш во нешто посиво. Не станува збор за големи организации, ниту за филмски приказни,
туку за мали кругови, затворени луѓе и тивки пари. Во таква средина растеле и браќата Basciano. Без некакво силно име позади нив, без директна врска со нешто поголемо, ама доволно блиску до приказните за да разберат како функционираат
работите. Постарите никогаш не зборувале отворено, ама секогаш имало нешто помеѓу редови - некоја услуга, некој долг, некое име што не се спомнува два пати. Нивното детство не било ништо посебно. Обични работи, обични луѓе,
обиди да се најде место во град што не ти должи ништо. Ама со време, сфаќаат дека најголемата вредност не е во тоа што го имаш, туку во тоа кого го познаваш. Малите контакти, случајните познанства и услугите што се прават без многу
прашања почнуваат да се претвораат во нешто повеќе. Со тек на време, тие стануваат дел од таа тивка страна на градот. Не како лидери, не како некои што привлекуваат внимание, туку како луѓе што знаат да слушаат, да запаметат
и да реагираат кога треба. Мал круг, мал број луѓе, ама доволно стабилен за да функционира. Ништо не се случува одеднаш. Нема момент каде што сe се менува. Само постепено влегување во свет каде што границата помеѓу легално
и нелегално е тенка, а изборите што ги правиш ретко се враќаат назад. Tокму таму, помеѓу тие тивки договори, познанства и мали услуги, почнува да се формира нешто што подоцна ќе добие свое име.




Backstory
Родени и израснати во Америка, без некаква голема позадина или силно име зад нив.
Само приказни што ги слушале од постарите и желба сами да направат нешто свое.
San Fierro им станува место каде што можат да се тргнат на страна од гужвата и да најдат
свој ритам, без да привлекуваат премногу внимание и без да влегуваат во туѓи проблеми.
Работите се менуваат кога до нив доаѓа нешто што не го планирале. Стар ноќен клуб,
што со години стоел на работ да пропадне, на крај завршува во нивни раце.
Местото претходно го држел еден постар Италијанец, познаник на нивното семејство,
човек што со време изгубил и волја и луѓе околу себе. Немал наследници што сакаат
да продолжат со бизнисот, а долги години должел услуги на погрешни луѓе.
Наместо клубот да заврши затворен или преземен од некој што ќе го уништи,
договорот паѓа тивко - клучевите одат кај браќата Basciano, без многу прашања
и без голема врева. Клубот не е совршен. Опремата е стара, репутацијата
е измешана, а луѓето што порано се вртеле таму одамна се растурени.
Ама има основа. Има локација, има име што сe уште некој го памти,
и најважно - има простор да се изгради нешто ново врз нешто старо.
Браќата не губат време. Го средуваат местото колку што можат, враќаат малку
живот во него и полека почнуваат да привлекуваат нови лица. Не се обидуваат
да направат нешто спектакуларно преку ноќ, туку одат сигурно, вечер по вечер.
Луѓето повторно почнуваат да доаѓаат, прво од љубопитност, после и редовно.





Storyline
Со преземањето на стариот ноќен клуб, браќата Basciano полека но сигурно почнуваат да градат свое место во San Fierro. Клубот станува првата официјална база, но не и единствена. Со тек на време, преку познанства и нови услуги, групата почнува да се шири и надвор од неговите ѕидови. На почетокот работите се движат тивко - малку заштита на локални бизниси, организирање на приватни забави за ,,правите" луѓе, повремен транспорт на стока што не се пријавува на хартија. Никој не зборува гласно за што точно се работи, но сите што треба да знаат - знаат. Basciano Group не бара да стане најголема или најгласна група во градот. Тие сакаат да бидат нешто што се чувствува, а не се гледа. Доволно силни да се почитуваат, доволно дискретни да не привлекуваат непотребнo внимание од поголемите сили. Со текот на месеците, клубот се претвора во вистинско средиште. Таму се склучуваат договори, таму се среќаваат луѓе од различни кругови, таму се слушаат најважните информации пред да стигнат до улиците. Браќата ги собираат околу себе луѓе на кои можат да им веруваат - не многу, но верни. Некои се стари познаници од кварт, други се дојдени од други градови барајќи нова шанса. Секој има своја улога: некои се грижат за безбедноста, некои за финансиите, некои за контактите во и надвор од градот. Постепено, Basciano Group почнува да гради сопствена мрежа. Инвестираат во мали легални бизниси - автосервис, перење на пари преку градежни фирми, увоз-извоз на ,,секаква" стока. Клубот останува лице на групата, но вистинската сила се случува во сенка.

Apr 21, 2026, 05:18 PM #1 Last Edit: May 10, 2026, 06:14 PM by Barresi

Оваа фракција е мала приказна што се гради од нула, со фокус на реалистичен и постепен развој.
Нема брзи успеси - сe оди чекор по чекор, со грешки, импровизација и карактерен развој.
Целта е едноставна: од обични луѓе што прифаќаат било каква работа, до нешто постабилно со
тек на време. Отворени сме за нови играчи што сакаат да се вклопат во ваков тип на RP.
Секој што е заинтересиран може слободно да ми пише PM. Исто така, да се напомене дека не секогаш
ce ќе биде изведено идеално, поради ограничени ресурси и недостаток на играчи што активно
учествуваат во roleplay. Сепак, ќе се трудиме да извлечеме максимум од тоа што го имаме.

Apr 21, 2026, 05:18 PM #2 Last Edit: May 10, 2026, 06:37 PM by Barresi

Apr 21, 2026, 05:18 PM #3 Last Edit: May 08, 2026, 11:43 PM by Barresi




Apr 25, 2026, 02:49 PM #7 Last Edit: May 04, 2026, 02:42 PM by AnderHerrera

Avery Russo — иако ретко кога размислува подалеку од следната ноќ. На дваесет и две години, без вистинска работа и без навика да одговара пред некого, Avery живее од музиката. Не онака романтично како што луѓето сакаат да замислуваат, туку гласно, до доцна и меѓу чад, светла и лица што утре никој нема да ги памети.

Работи самостално во своја продукција. Настапува како DJ по клубови, приватни журки и места каде што парите лесно се трошат, а уште полесно исчезнуваат. Знае како да ги почуствува луѓето, кога да ја крене атмосферата и кога да ја пушти да изгори сама од себе. Тоа е единствената работа што навистина ја сфаќа сериозно.

Сè друго кај него е хаос што изгледа контролирано. Алкохолот му е секојдневие, пороците навика, а границите нешто што одамна престанал да ги признава. Живее брзо, без многу прашања и уште помалку каење.


Apr 28, 2026, 07:28 PM #9 Last Edit: May 02, 2026, 01:14 PM by AnderHerrera



Apr 29, 2026, 03:55 PM #11 Last Edit: May 02, 2026, 01:05 PM by AnderHerrera


Quote from: Harlend Rosenberg on Apr 29, 2026, 09:47 PMmesto ?

Веројатно ќе се одржува IC Event во Battery Point, San Fierro (клубот под мостот), Jizzy Pleasure Domes.
Има можност да дојде и до промени, ќе најавиме се.

Секоја чест на вложениот труд во девелопот. 10/10!  8)