一希 小林

Started by AnderHerrera, Apr 02, 2025, 11:11 AM

Previous topic - Next topic
Apr 02, 2025, 11:11 AM Last Edit: Apr 12, 2025, 12:03 PM by AnderHerrera
Quote
Kazuki Kobayashi "47"

Роден во Нагоја , Kazuki Kobayashi потекнува од богато и респектабилно семејство. Татко му бил сопственик на неколку успешни фирми – од текстилни фабрики до транспортни бизниси низ централна Јапонија. На прв поглед, тоа беше совршено детство но вистината зад таа слика беше поинаква.

Фирмите на татко му редовно плаќаа рекет на локалната јакуза. Казуки уште како дете го почувствува срамот и стравот што доаѓа кога твојот углед зависи од милоста на други мажи. Наместо да го прифати тоа како нешто нормално, во него се роди нешто друго – жестока желба за моќ и контрола. Решен никогаш повеќе да не биде на колена.

Првиот контакт со криминалниот свет го имал уште како тинејџер – преку локалните јакузи во Нагоја. Не влезе како обичен уличар. Казуки влезе со пари, врски и храброст да зборува рамноправно со постарите. Брзо ги освои со својот ладен карактер, деловна логика и способност да преговара како бизнисмен, а да се заканува како вистински јакуза.

Има одлежано 3 години затвор, поради вмешаност во финансиска измама и перење пари поврзано со синџирот на елитни ресторани што ги водел како параван. За него, тоа не беше пад – туку пауза. Затворот го зацврсти, и му даде време да ги исчисти редовите околу себе и да излезе посилен.

Kazuki Kobayashi не е случаен лик. Тој е човек со потекло, визија и историја. И секој потег што го прави денес – има корен длабоко во неговото минато.






преземено од Tyler Arkwood.






Prezemeno od Antonio Baressi.