J$m nova era

Started by Jim Smith, May 01, 2025, 09:16 PM

Previous topic - Next topic
"Jim – Од улично дете до најсилен мафијаш во Лос Сантос"



Уште од мали нозе, Jim беше дел од мракот на улиците во Лос Сатос. Без семејна поддршка и со секојдневна борба за преживување, тој многу брзо сфати дека светот не е фер. Наместо да чека шанса – ја создаде сам. Почна со мали работи: крадеше коли, продавал мали пакети дрога, и секогаш се движеше со храбар став, без страв од никого.

Но Jim не беше обично улично дете. Имаше план, имаше ум. Беше паметен, ладнокрвен и секогаш чекор пред другите. Со тек на време, почна да се качува по мафијашката хиерархија. Од мал дилер, стана човекот што ги контролира сите движења на дрогата во Лос Сантос. Неговата организација стана симбол на страв и моќ.

Денес, Jim е најсилниот дилер во градот – никој не мрднува без негово одобрение. Има луѓе на секој агол, оружје во секоја рака, и информации од секој ќош. Не е само криминалец – тој е стратег, лидер на голема криминална група и легенда. Во градот и пошироко, неговото име значи моќ и е познато на секаден во Светот. Jim не е само дел од улицата – тој е улицата.