Официјална тема SM-13 | 𝑡ℎ𝑒 ℎ𝑖𝑠𝑝𝑎𝑛𝑖𝑐

Started by Andrejco, Jul 22, 2025, 11:38 PM

Previous topic - Next topic
Биографија:


Име и презиме: Ruiz "La Cuchilla" Martinez
Години: 32
Место на Живеење: Los Santos
Место на раѓање: Los Santos



Ruiz "La Cuchilla" Martinez

Руиз Мартинез, познат како "La Cuchilla", порасна во сиромашните улици на Santa Monica. Без татко и со мајка која се бореше да го прехрани, уште од мал научи дека опстанокот е борба.

Првиот нож го носеше на 12 години. Првпат го употреби за да заштити пријател, и од тој ден улицата почна да го вика ,,Острицата". Не беше типичен уличар — имаше план. Наместо да биде само дел од нечија банда, тој ја создаде својата – The Hispanic.

Со ладна глава, остар ум и железни правила, Руиз изгради име кое сите го почитуваат. Но и покрај сè, единственото нешто што го чува далеку од уличниот мрак е неговата сестра Исабела, единствениот светол дел од неговиот живот.

La Cuchilla не зборува многу – но кога зборува, улицата молчи.






𝑡ℎ𝑒 ℎ𝑖𝑠𝑝𝑎𝑛𝑖𝑐 | Почетоците


Во срцето на источно Лос Сантос, во запуштената и заборавена населба позната по графити, сиромаштија и гордост, се роди идејата за банда која ќе ги штити своите — The Hispanic Тоа не беше само група од улицата, туку движење на младинци со потекло од Латинска Америка кои беа израснати на неправда, полициска бруталност и постојана борба за иднина.

Се почна кога тројца браќа по улица, решија да престанат да бегаат и да се кријат. Наместо тоа, ја собраа локалната младина, ги обединија под едно име и една боја — светло плава ја симболизираше надежта, парите и животот што сакаа да го изградат заедно.

Од првите денови, The Hispanic беше позната по тоа што не напаѓаат први — но кога ќе бидат испровоцирани, одговараат со сила. Тие поставија строги правила: лозалност пред сè, нема местење свои, и улицата никогаш не се заборава.

Со текот на времето, нивното влијание се прошири од Santa Monica Street до цела источна страна на LS. Денес, нивното име се изговара со почит... или со страв

Партнерство од потреба, не од доверба



Темна ноќ во источниот дел на Лос Сантос. Два автомобили се сретнаа кај напуштен магацин. Од едното возило излегоа членови на Ballas, од другото – The Hispanic. Нема поздрави, само сериозни погледи. Сите знаеја зошто се тука.

Еден од Ballas рече дека имаат улици и луѓе, но им недостига роба. Одговорот беше краток – The Hispanic имаат рута од границата, безбедна и тестирана. Ако има ред, ќе има и испораки.

Договорот беше едноставен. The Hispanic ја носат дрогата, Ballas ја движат низ Glen Park и Idlewood. Профитот се дели – шеесет проценти за Ballas, четириесет за Hispanic.

Првата пратка доаѓа во вторник, скриена во камион со овошје. Испораката ќе биде во El Corona. Ако некој згреши – договорот се раскинува.

Кратко ракување и секој си замина. Од тој момент, улиците на Лос Сантос добија нова врска – тивка, но опасна.