Криминал-4(Mark_DEluca)

Started by Deluca_Mark, Mar 11, 2026, 06:55 PM

Previous topic - Next topic
Темнината во каналите беше густа, а звукот на капките вода одекнуваше низ долгите бетонски ѕидови. Mark Deluca полека чекореше низ тесниот премин, внимателно набљудувајќи ја околината. Неговите чекори беа тивки, но доволни за да одекнат низ празниот тунел.

По неколку моменти одење, тој застана кај една стара бетонска цевка која излегуваше од ѕидот на каналот. Mark Deluca внимателно се сврте лево и десно, осигурувајќи се дека никој не е во близина. Сигурен дека местото е празно, полека го симна ранецот од грбот и клекна до цевката.

Го отвори ранецот и извади тежок, внимателно спакуван пакет. Неколку секунди го држеше во рацете, размислувајќи, а потоа полека го турна длабоко во внатрешноста на цевката, доволно далеку за да остане скриен од случајни погледи.

За да не остави никаква трага, Mark Deluca собра неколку камења, прашина и стар отпад од околината и внимателно го намести пред отвoрот на цевката. По неколку моменти, местото изгледаше како никој никогаш да не го допрел.

Тој полека стана, ја оттурна прашината од рацете и повторно го стави ранецот на грб. Уште еднаш ја погледна околината на каналот, а потоа со тивок глас прошепоти:

,,Совршено место... никој нема да го најде."

Со мирни чекори, Mark Deluca се оддалечи низ каналот, оставајќи ја тишината повторно да го исполни темниот тунел.


"You need people like me so you can point your f**kin' fingers and say, 'That's the bad guy'."