Diana Wigsley - News Reporter "𝘐'𝘮 𝘏𝘦𝘳𝘦 𝘍𝘰𝘳 𝘛𝘩𝘦 𝘛𝘳𝘶𝘵𝘩"

Started by Diana_Wigsley, Dec 07, 2025, 01:20 AM

Previous topic - Next topic

     Здраво, и добредојдовте во мојата приказна, Диjана Вигсли, сериозна, дисциплинирана новинарка позната по тоа што влегува во опасни области само со микрофон, камера и мисија - вистината на видик!

📚 Позадина

Дијана Вигсли - 31, посвоена на 6-годишна возраст откако останала сираче во еден од најсуровите години во Лос Сантос - време кога криминалот, корупцијата и сиромаштијата биле насекаде. Растејќи, префрлувана во различни згрижувачки семејства пред конечно да биде посвоена од постар пар од Источен Вајнвуд. Условите за живот ограничени, а градот суров, но сето тоа лекција за важноста на чесноста и отпорноста.

Како тинејџерка, преживувања меѓу конфликти, полициски скандали и често насилство во нејзиното соседство. Следејќи ги соседите како исчезнуваат, приказните закопани и невините луѓе обвинувани за злосторства што не ги сториле. Вистината секогаш била извртувана и заматена од некој со МОЌ. А сето тоа до облик на изгледот кон светот, ако не раскажите, друг ќе искористи и покрие.

Решена да не дозволи другите да страдаат во тишина, Дијана студира комуникација и новинарство како што можела - евтини курсеви, улични интервјуа, волонтирање и пракса во локални весници. За да на крај, добие место и работа во СИТЕЛ телевизија, како теренски репортер.


Крајна цел? - Да ја донесам вистината на луѓето во Лос Сантос - нефилтрирана, корумпирана и заматена.


EX Prime Minister of SA
now - LS-PD OFFICER

DIANA WIGSLEY - GOVERNMENT

DIANA WIGSLEY - EX NEWS REPORTER

Лос Сантос украсен за Ноќта на вештерките.


Вештачки пајажини се протегаа по уличните светилки, фенери трепкаа по тротоарите, лажни декорации,
пајаци, и тикви го светнаа Лос Сантос за ноќта на вештерките.
Децата и возрасните се смееја и шетаа во костими, секој различно преправен.



Таа ноќ, Лос Сантос не изгледаше само опседнат, се чувствуваше живо. 🎃


EX Prime Minister of SA
now - LS-PD OFFICER

DIANA WIGSLEY - GOVERNMENT

DIANA WIGSLEY - EX NEWS REPORTER

ЛС-ПД - Од трафик стоп, до потерница и апсење.

Лос Сантос — 21:47

Рутинското сообраќајно запирање на авенијата Родео не остана долго рутинско.

Полицијата запре возило со марка Елеџи, на почетокот мирно застана. Стоев на безбедно растојание, со камера во рака, документирајќи го она што изгледаше како стандардна процедура, односно обична полициска контрола.


Изгледаше се океј, чекајќи процедурата да заврши, моторот згрми!

Автомобилот тргна напред, гумите квичеа по асфалтот. Мирот се претвори во хаос за неколку секунди. Сирените експлодираа во ноќта додека патролните единици го бркаа, движејќи се низ тесни кривини и преполни раскрсници.

Брканицата заврши во близина на брегот кај плажата Санта Мариа. Возачот се извлече од возилото, трчајќи во темнината и рипајќи во водата. Полицајците го следеа пеш, командите одекнуваа низ уличките - ,,Застани, излези од вода!" - ,,Раце Горе!"


По кратка мачнина, осомничениот беше присилно изваден од вода и притиснат на земја, со рацете наметнати зад грб, лисиците заклучени. Ситуацијата се смири, градот стана повторно тивок за момент, а осомничениот, однесен во станица.

Уште еден извештај. Уште една вистина евидентирана.

Ова е Дајана Вигсли, известува од Лос Сантос.

EX Prime Minister of SA
now - LS-PD OFFICER

DIANA WIGSLEY - GOVERNMENT

DIANA WIGSLEY - EX NEWS REPORTER



Лос Сантос — Голема Полициска Акција - Населба Глин Парк


Вечерва се одвиваше голема полициска операција, повеќе единици ја преплавија Глин Парк населбата, во она што властите го опишаа како насочена акција против нелегалната дистрибуција на супстанции (кокаин).

Тешко вооружени полицајци ја обезбедија областа за неколку минути. На околните граѓани им беше наредено да се тргнат од улиците, додека патролни возила и необележани (службени) возила ја блокираа улицата. Жителите гледаа во тишина од страна, некои од нивните прозори како трепкачки црвени и сини светла ја осветлуваат населбата.
Еден по еден, лицата беа приведени, претресени и ставени во притвор.
- Според официјалниот полициски извештај, уапсените беа идентификувани како дилери на нелегални супстанции. Некои осомничени беа директно пренесени во затворот Лос Сантос, додека други беа однесени во полициската станица за понатамошно испрашување.
Пораката од органите за спроведување на законот беше јасна - ова не беше предупредување. Ова беше крај.


Ова е Дајана Вигсли, известува од Лос Сантос.

EX Prime Minister of SA
now - LS-PD OFFICER

DIANA WIGSLEY - GOVERNMENT

DIANA WIGSLEY - EX NEWS REPORTER




Лос Сантос — Родео, пукање и убиство.


Синоќа, мирната вечер во населбата Родео беше нарушена од пукотници. Според првичните информации, вооружени лица, облечени во црно - идентификувани од локалците како членови на мафијата Ла Коза Ностра - пукале и за жал убиле сопственик на локален ресторан пред неговиот бизнис. Нападот бил брз и намерен.


Осомничените се обидуваа да го кренат мртвото тело, а јас додека го документирав местото на настанот, бев забележана од осомничените. Од далечина, огнено оружје беше насочено кон мене. Неколку моменти подоцна, полициски сирени одекнаа низ областа. Полицијата доаѓаше од повеќе страни, а осомничените го оставија телото на земја, и избегаа од местото на настанот со возило пред да пристигнат полицајците.

Жртвата беше прогласена за мртва на местото на настанот.
Полицијата го обезбеди подрачјето и потврди дека е во тек активна истрага.
Досега нема апсења. Дополнителни вести за овој случај ќе следуваат.


Ова е Дајана Вигсли, известува од Лос Сантос.



EX Prime Minister of SA
now - LS-PD OFFICER

DIANA WIGSLEY - GOVERNMENT

DIANA WIGSLEY - EX NEWS REPORTER


Лос Сантос — Родео, пукање и убиство - ВТОР ДЕЛ, УПАД ВО ВИЛАТА НАД НАРОДНА БАНКА.


Полицијата потврди дека вооружените напаѓачи вклучени во синоќешното убиство се идентификувани и лоцирани.

Во раните утрински часови, органите за спроведување на законот започнаа голема операција во сомнителна резиденција на мафијата, опишана од полицајците како утврдена палата со локација над Народната Банка во Лос Сантос. Повеќе единици го опколија имотот пред да стапат во контакт.


Веднаш при пристигнувањето, осомничените започнале со истрели додека полицајците се обидувале да влезат. Од сите страни имаше пукање, полицијата беше добро распоредена на секој агол од палатата. Добро опремените службеници солидно, прецизно и брзо возвратија со оган кон осомничените.










Размената на оган траела околу 2 часа пред полицијата да ја преземе контролата врз ситуацијата. Преживеаните осомничени беа уапсени на местото на настанот, вклучувајќи и еден од поглавните глави на така наречената ,,мафија". додека оружје, кокаин и други докази биле запленети од внатрешноста на резиденцијата.

СЛИКА ОД ГЛАВНИОТ ОСОМНИЧЕН

Подоцна во ноќта, властите потврдија дека приведените се поврзани со убиството на сопственикот на ресторанот во населбата Родео, и дека се поврзани со ред други убиства и други акти на криминал. Ниеден полицаец не бил сериозно повреден за време на операцијата. Исто така надлежните наведоја дека дополнителна истрага е во тек и дека се можни дополнителни апсења.


Ова е Дајана Вигсли, известува од Лос Сантос.


EX Prime Minister of SA
now - LS-PD OFFICER

DIANA WIGSLEY - GOVERNMENT

DIANA WIGSLEY - EX NEWS REPORTER