Voice of Los Santos and the POWER of the News

Started by Qunnie Li, Dec 02, 2025, 03:33 PM

Previous topic - Next topic
Dec 08, 2025, 04:51 PM #15 Last Edit: Dec 08, 2025, 05:01 PM by Qunnie Li
First Public Restroom Opens in Los Santos: Helpful Project or Future Disaster?


По години жалби и шеги на сметка на јавната хигиена, Los Santos конечно го доби своето прво јавно WC. Лоцирано покрај фреквентна градска зона, објектот треба да им служи на сите жители и посетители кои секојдневно се движат низ центарот.

Но веднаш се отвора прашањето:
Ќе успее ли градската власт да се грижи за хигиената на вакво место?

Иако проектот звучи корисно, дел од граѓаните се сомневаат дека јавните тоалети ќе останат чисти и функционални. Повеќемина предупредуваат дека, без редовно одржување, објектот може брзо да се претвори од добар проект во уште една градска главоболка.

Од општината уверуваат дека ќе има постојана хигиенска служба и дека целта е да се воспостави европски стандард во одржувањето на јавните простори.

Сега останува да видиме:
Дали ова е чекор напред за градот, или само уште еден експеримент со неизвесен исход?


Qunnie Li, Los Santos Daily News


Mini Gallery:











ABANDONED SKATEPARK – LOS SANTOS:
Од спортски симбол до опасна зона во срцето на градот

Некогаш жив, исполнет со младинска енергија, музика и тркала кои чкртаат по бетон, денес Abandoned Skatepark  стои како мрачен потсетник на времињата кога овој дел од градот значеше нешто. Наместо смев и акробации, денес таму владеат тишината, ветерот... и нешто многу поопасно.

Рампите кои некогаш блескаа од нови даски сега се претворени во рѓосани конструкции, а бетонските басени се преполнети со распаднато ѓубре, скршено стакло и остатоци што сведочат за долги години запоставеност. На секој чекор графити, некои свежи, некои стари, исцртани како предупредувања до оние што би се осмелиле да поминат тука.

Но вистинската приказна почнува по зајдисонце.

Според жителите од околните згради, skatepark-от одамна е претворен во ноќно собиралиште на улични групи, мали банди и сомнителни лица кои го користат местото како засолнет простор подалеку од очите на полицијата. Пријавени се гласни викотници, шумови од тепачки, па дури и поединечни огномети до доцна во ноќта. Некои велат дека виделе и факли, други тврдат дека во длабокиот бетонски басен се случуваат работи што никој не сака да ги коментира јавно.

Она што некогаш беше центар на адреналин и дружба денес се претвори во зона која граѓаните ја избегнуваат, дури и во дневни часови. Атмосферата таму е тешка, напнатоста се чувствува во воздухот  а чувството дека некој те следи од сенка останува и откако ќе си заминеш.

Градските власти се уште немаат најавено планови за реновирање, но еден поглед кон моменталната состојба е доволен за да поставиме прашањето:

Колку долго уште ова запуштено место ќе биде центар на страв, а не спорт?



Mini Gallery:











Grove Street Families



Дали сенките од минатото повторно се будат?

Откако на повеќе локации во напуштените делови од градот се појавија зелени графити, истражувачкиот тим започна подетално да ги разгледува симболите што се повторуваат иницијали, прскани кругови и боја што доминира над сите други: зелената.

Иако ниту една институција официјално не потврдува ништо, обликот, позицијата и стилот на дел од графитите многу потсетуваат на добро позната улична групација чија слава некогаш управуваше со цел кварт: Grove Street Families.


Историски контекст сеништата на една расцепкана фамилија

Според податоците што се наоѓаат во повеќе архиви и енциклопедии за уличната историја,
Grove Street Families некогаш биле:

Највлијателната и најстара банда во јужниот дел од Los Santos.

Група изградена врз идеологија за ,,заштита на квартот", но долго време заробена во сопствени конфликти.

Некогаш сплотени, но подоцна потонати во расправии, предавства и губење територија.

Познати по нивната препознатлива зелена боја и агресивни територијални обележувања.

Периодот на нивниот пад се поврзува со:

Внатрешни поделби

Појава на конкуренти и нарко-синдикати

Расцепи меѓу сопствените лидери

Историјата ги опишува како фамилија што се распаднала под товарот на улицата, но сепак останала дел од урбаната митологија — спомен кој многумина и денес го носат како предупредување.


Дали графитите значат дека GSF повторно се појавуваат?

Неколку симболи што се појавија во последниве денови — сенки на буквите ,,GSF", зелени стрели и територијални ознаки — потсетуваат на истиот стил што е документиран во стари фотографии и улични досиеја.
Неофицијални извори тврдат дека луѓе во зелена облека се забележани ноќе во напуштените магацини, истите каде што неодамна беа откриени купишта ѓубре, скршено стакло и оставени траги од нечии собири.

Дали е ова случајно уметничко изразување? Или некој навистина се обидува да го оживее духот на старата фамилија?

Одговорите засега ги нема.


Дали Quinnie треба да продолжи да ја истражува оваа приказна?

Нејзиното присуство на терен — празни магацини, затемнети агли, ноќни собирања, графити што личат како предупредување — отвора дилема дали новинарскиот храбар дух вреди повеќе од личната безбедност.

Историјата на GSF не е само урбана легенда:
тоа е наследство од група што некогаш контролирала цели блокови, група што исчезнала, но со траги што никогаш целосно не избледеле.

Па затоа, прашањето стои отворено:

Дали вреди Quinnie да се вплеткува во вода каде што историјата, улицата и опасноста повторно се мешаат?
Или ова е едно од оние места во градот каде што ако премногу долго гледаш во сенките — сенките почнуваат да гледаат назад?


Green Graffiti Gallery: