Corona Flats - Main Theard

Started by Larcuzo, Aug 06, 2025, 08:52 PM

Previous topic - Next topic


Масовните имиграции на млади Салвадорци во границите на Los Santos доведоа
до формирање на многу нови улични банди.Додека некои банди и заедници во Los Santos ги
пречекуваа новодојдените, други ги третираа како ѓубре и ги сметаа како пониска раса од нив.
Тие се исмејуваа, малтретираа, напаѓаа, бодеа и понекогаш силуваа Салвадорци среде бел ден.
Ова не само што предизвика прилично голем број Салвадорци да не ги сакаат Мексиканско-Американците туку доведе до формирање на мала уличната банда позната под името Corona Flats.(името го добила поради локацијата каде се наоѓаат најголемиот број членови)
За членовите на оваа група се тврди дека се вмешани во разни финансиски злосторства како што се перење пари и измама, трговија со дрога и оружје.Тие се држат заедно како фамилија против сите омрази и напори од страна на полицијата за ова мало малцинство на Салвадорци да биде истребено од овој град.Бандата работи како традиционална Sureno банда со јасна хиерархија и главната цел на активностите е да се здобијат со што е можно повеќе пари додека остануваат под радарот на спроведувањето на законот.

New Generations

Неколку години активностите во Салвадорското маало Corona стишија после акцијата која беше спроведена од локалните власти.Акцијата доведе до затварање на над 250 членови на оваа банда.
Но, доаѓаат нови генерации кои се згрозени и угнетувани од рацистичките напади кон нив .
Нивната сила можеби не е големиот број како минатата генерација , туку бруталноста на нивните постапки и посветеност да се слушне нивниот глас дека тие не се малцинство овде.Младата група даде отчет дека по секоја цена ќе ги искористат сите средства потребни за да ја остварат својата цел и никогаш додека се живи нема да покажат толеранција и повлекување.




OOC information: Заинтересирани за симулација пишете ми на дискорд или тука у ПМ на форумов..

дискорд : te5ioo





ау ке ме натераш пак да упалам самп љубави

Quote from: Kaiden Mccarthy on Aug 09, 2025, 01:38 AMау ке ме натераш пак да упалам самп љубави

AJDEE, tebe te cekame!